Контакт

Црна хроника

Во возило во Куманово пронајдени мигранти, возачот е приведен

Објавено пред

Дваесет и еден мигрант биле пронајдени во возило во Куманово. Возачот, 70-годишен штипјанец, е приведен.

dobivaj vesti na viber

Според информациите на МВР, ноќеска околу 1 часот полициски службеници дале знак да застане патничко моторно возило „рено еспејс“ со штипски регистарски ознаки, но истото продожило да се движи кон село Отла.

По кратко време на ул. 11 Ноември во Куманово од полициски службеници од СВР Куманово возилото било сопрено, при што било констатирано дека е управувано од Д.Ј.(70) од Штип.

Во возилото се превезувале 21 мигрант од Сирија, Авганистан, Пакистан и Бангладеш, од кои 10 малолетни лица.

Д.Ј. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка, а мигрантите биле сместени во Транзитен центар Табановце. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Претрес во Виница, пронајдена дрога, приведено едно лице

Објавено пред

На 2.10.2022, во 13.20 часот, во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода З. Г. (28) од Виница.

dobivaj vesti na viber

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, дигитална вага и други предмети, кои потекнуваат од кривичното дело.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Возило излета од пат во Македонски Брод, возачот тешко повреден

Објавено пред

На 2.10.2022, околу 11.40 часот, било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, кај с. Ропотово, патничко моторно возило „фиат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од А. И. (38) од с. Дебреште, излетало надвор од патот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот констатирани во Општата болница во Прилеп.

Извршен бил увид од екипа од Полициската станица Прилеп.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Кривична пријава за велешанец, кој со фалсификувани пари купувал мобилни телефони

Објавено пред

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.И.(37) од Велес, за сторено кривично дело „измама” од чл.247 ст.1 и кривично дело „фалсификување пари” казниво по Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Пријавениот во текот на месец март 2021 година, откако прибавил 12 фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра, ги употребил во два наврати, пуштајќи ги во промет при купување на мобилни телефони, со што измамил двајца сопственици на мобилни телефони, кои што ги огласиле за продажба своите телефони, а на кои М.И. им платил со фалсификуваните банкноти.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион20 минути

(Видео) Вучиќ од Будимпешта: Србија нема да биде паркинг за мигрантите

Денеска, во Будимпешта се одржува трилатералниот самит на Унгарија, Србија и Австрија за мигрантската криза. Се работи за заедничка акција...

Македонија46 минути

Обвинетите за убиството на Тот имале гризење на совеста и чувство на вина, сведочеше психијатарот Марцикиќ

Дваесет и еден ден по убиството на ракометарот Денис Тот, сега обвинетите Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Лефковска и Андреј Костовски имале...

Економија2 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 0,50 денари/л. Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се...

Македонија2 часа

Тупанчески на првиот академски час: Не учете за оцена! Учете да научите! Учете за да знаете!

Министерот за правда, Никола Тупанчески, се обрати на првиот академски час на Правниот факултет „Јустинијан Први“. На идните студенти им...

Економија2 часа

Бонус до 3.000 евра ќе добијат вработените во Германија поради инфлацијата

Вработените во Германија ќе може да добиваат регреси и премии до 3.000 евра годишно, без даноци и придонеси, за полесно...

Свет3 часа

Рамзан Кадиров ги испраќа своите малолетни синови во војна

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, најави дека тројца негови малолетни синови набргу ќе заминат на фронтот во Украина. „Тоа што...

Свет3 часа

Русија ќе го тестира новото оружје „Посејдон“, предупреди НАТО

Како што напредува војната во Украина, има сè повеќе информации за нов тип на оружје што го користат двете завојувани...

Економија4 часа

Меѓународната агенција за енергетика со совет до ЕУ: „Штедете гас“

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) ја советува Европската Унија да штеди гас за да се избегнат празните магацини и ризикот...

Свет4 часа

Си-ен-ен: Времето на Путин истекува и тој тоа го знае

Времето на рускиот претседател Владимир Путин истекува и тој тоа го знае. Во меѓувреме, неговиот бомбастичен настап продолжува – објавувајќи...

Македонија4 часа

Без струја утрово во скопски Карпош, граѓаните во страв дека рестрикциите се почнати

Жители на Карпош 1, 2, 3 и 4 утрово пријавуваат дека останале без струја. Речиси еден час траел прекинот, а...

Свет6 часа

Бројот на загинати од ураганот Јан се искачи на повеќе од 80, штетата е проценета на десетици милијарди евра

Бројот на загинати од ураганот Јан во САД се искачи на повеќе од 80 бидејќи жителите на Флорида и Јужна...

Свет6 часа

Саливан вети дополнителна американска поддршка за Украина

Американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан, вчера во Истанбул се сретна со Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот...

Свет6 часа

Руски гувернер: Половина од мобилизираните во регионот вратени дома, командантот разрешен

Командантот на руската област Хабаровск е сменет од должност кога половина од мобилизираните мажи биле испратени дома бидејќи не ги...

Европа6 часа

Карл Нехамер: Ако ЕУ не дејствува, самите ќе треба да се заштитиме од илегалната миграција

Сè додека ЕУ не презема ефективни мерки, ние мора сами да дејствуваме и затоа Австрија прави сè за да се заштити...

Свет6 часа

Поранешниот шеф на ЦИА, Дејвид Петреус, испрати предупредување до Русија

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ќе ги уништат руските војници и опремата во Украина и ќе ја потопат нејзината...

Свет7 часа

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити поради недостиг на чиста вода за пиење

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити откога болеста ненадејно се врати поради недостиг на гориво и чиста вода...

Регион16 часа

Петков го призна поразот, нема да коалицира со ГЕРБ на Борисов

Коалицијата ГЕРБ-СДС преводена од Бојко Борисов победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија. Излезните анкети на бугарските агенции предвидуваат освојување на...

Топ18 часа

Девет земји меѓу кои и Македонија го поддржаа членството на Украина во НАТО, Зеленски им се заблагодари

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на Твитер објави дека девет земји од Централна и Источна Европа го поддржуваат членството на...

Свет21 час

НАТО: Украинците го ослободија Лиман благодарение на храброста, но и на американското оружје

Украинското ослободување на градот Лиман докажува дека украинската армија напредува и може да ги потисне руските сили, изјави денеска за...

Македонија23 часа

ЛДП го предлага Пенов за нов министер за локална самоуправа

Централниот одбор на ЛДП на синоќешната седница ја разгледа оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски, и го прифати...