Контакт

Црна хроника

Во два автомобила во Струмичко најдени 21 мигрант

Објавено пред

Во вечерните часови на вчерашниот ден во струмичкото село Водоча полицајци запреле автомобил „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки и автомобил „ауди А6“ со струмички регистарски ознаки.

Како што информираат од МВР, веднаш по запирањето на возилата, возачите излегле и се дале во бегство, а во двата автомобила биле пронајдени вкупно 21 мигрант од Авганистан, Пакистан и Ирак.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Се врши увид на местото каде попладнево во сообраќајна несреќа се повредени 33 мигранти

Објавено пред

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со екипа од Министерството за внатрешни работи  врши увид на местото викано Пржедски споменик, кој се наоѓа на потегот меѓу Демир Капија и Прилеп, каде попладнево се преврте комбе во кое биле превезувани мигранти.

Според првичните информации, возачот, 24-годишен велешанец, ги превезувал мигрантите во комбе марка „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки во сопственост на лице од Арачиново. Движејќи се на автопат од Гевгелија во правец кон Скопје, возачот забележал дека е следен од полициски службеници. Во обид да побегне, тој се префрлил на совозачкото седиште, ја отворил вратата и скокнал на автопатот додека возилото се движело. По инерција комбето продолжило да се движи следните 40 метри, а потоа се превртило и паднало во бездна со длабочина од 14 метри. Во несреќата со повреди се здобиле сите 33 патници мигранти, меѓу кои неколкумина се малолетници. Повредените, од кои дел со особено тешки повреди,  се пренесени со медицински екипи во најблиските здравствени установи во Неготино и Кавадарци.

Возачот, кој откако скокнал од возилото паднал во бездната, се здобил со тешки телесни повреди и поради нивната сериозност е пренесен на скопските клиники.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во континуитет ги презема потребните дејствија за целосно расчистување на настанот.​

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Притвор за едно лице поради криумчарење 18 мигранти меѓу кои и четири деца

Објавено пред

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, македонски државјанин, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти.

„Осомничениот прифатил и превезувал 18 илегални мигранти, меѓу кои четири деца во патничко моторно возило марка „крајслер“. На патниот правец Велес – Скопје, во непосредна близина на мостот на реката Пчиња, осомничениот на светлосните и звучни сигнали од страна на полициски службеници не го запрел возилото, туку продолжил да се движи кон наплатната рампа Петровец со голема брзина. Во еден момент пред рампата полукружно го свртел возилото и се упатил во правец на с.Петровец, а од таму движејќи се по регионалниот пат кон с.Катланово. Пред влезот во селото, на надвозникот удрил во патничко моторно возило што доаѓало од спротивната насока и предизвикал сообраќајна незгода. Од страна на полициските службеници осомничениот е лишен од слобода, а во возилото биле затекнати мигрантите“, се наведува во соопштението од обвинителството.

Поради постоење на реална опасност, доколку се брани од слобода, осомничениот да се крие или да побегне за да ја избегне кривичната одговорност, како и стравот дека ќе ја попречува истрагата, односно ќе биде во можност да влијае врз сведоците, а воедно имајќи го предвид фактот дека е специјален повратник и извршител на други кривични дела, надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор против осомничениот. Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје го прифати предлогот на обвинителството и со решение на осомничениот му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.​

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Откриени 50 килограми марихуана во автомобил кај Рача

Објавено пред

Педесет килограми марихуана биле откриени во автомобил во близина на населбата Рача, на патот Охрид – Свети Наум.

Според информациите на СВР Охрид, синоќа во 23.20 часот бил сопрен автомобил, управуван од С. Л. (53) од Струга.

Во багажниот простор пронајдени биле три патни торби со 50-ина килограми марихуана. С. Л. се обидел со автомобилот да избега, но бил приведен. Во врска со овој случај приведен е и С. И. (31) од Струга, кој управувал друг автомобил.

По целосно документирање на случајот, СВР Охрид против нив ќе поднесе соодветна кривична пријава.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион4 часа

(Видео) Косовскиот премиер Харадинај поднесе оставка

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај поднесе неотповиклива оставка на местото претседател на Владата на Косово, откако беше повикан да даде исказ...

Македонија5 часа

Мицкоски на состанок со Беса: „Ја договоривме заедничката борба против актуелната власт“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар Игор Јанушев оствари средба со претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами,...

Македонија6 часа

(Видео) За премиерот Заев, Кики и Фрики не постојат

Кики и Фрики за мене не постојат, објавете ги со име за да може да ве тужат, рече премиерот Заев...

Македонија6 часа

Власта предлага СЈО да се интегрира во Обвинителството за гонење организиран криминал и да го води Русковска

Владата ќе достави нов предлог-закон за Јавното обвинителство според кој специјалното јавно обвинителство ќе се интегрира во Обвинителството за гонење...

Македонија7 часа

(Видео) Просветниот инспекторат има 7 дена да одлучи за дисциплинската мерка за инспекторот Илиевски

Дисциплинската комисија му предложи на директорот на Држaвниот просветен инспекторат да одлучи во рок од 7 дена дали ќе го...

Македонија9 часа

Градоначалникот на Струга се откажа од ингеренциите за издавање дозволи за градба

Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, ѝ ги отстапи на Владата ингеренциите во делот на издавање дозволи за градба, легализација...

Македонија10 часа

Владата: Откажана лидерската средба, не прифаќаме ултиматуми од Мицкоски

Лидерската средба што беше планирана за денеска, дефинитивно, нема да се одржи. Од Владата велат дека причината за откажување на...

Македонија10 часа

Новинарите избркани од зградата на Државниот просветен инспекторат

Половина час по почнувањето на седницата на дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат, на која се расправа за постапката на...

Македонија12 часа

Северна Македонија и Јужна Кореја воспоставија дипломатски односи

Јужна Кореја официјално воспостави дипломатски односи со Северна Македонија, објави Министерството за надворешни работи во Сеул, пренесе новинската агенција „Јонхап“....

Свет12 часа

Осомничениот го запалил студиото за анимација во Кјото зашто му украле идеја

Четириесет и едногодишниот маж, кој е осомничен дека го подметнал пожарот во студиото за анимација во Кјото, Јапонија, во кој...

Спорт13 часа

Кога Вимблдон зависи од деца

Тие се во сенка, иако стојат на сонце. Тие се незабележливи, иако ги гледате на ТВ екранот како ви претрчуваат....

Македонија23 часа

Николовски по состанокот на СДСМ: Последните настани покажаа одлучна борба против криминалот и корупцијата

Заврши состанокот на Централниот одбор на СДСМ на кој во проширен состав, во присуство на повеќе градоначалници, министри, заменици и...

Свет1 ден

Во Мароко изречени смртни казни за убиството на скандинавските туристки, обезглавени во име на Исламска држава

Судот за борба против тероризам во мароканскиот главен град, Рабат, изрече смртни казни за три лица поради убиството на две...

Свет1 ден

Хаос во поплавените области во Индија, тигри влегуваат во семејни домови

Најмалку 40 села во северниот дел на Бангладеш се поплавени откако синоќа од коритото се излеа една од најголемите реки...

Топ1 ден

Тетовец со „голф“ влетал во десетмина пешаци, еден од нив тешко повреден

На локалниот пат село Горно Орашје – Тетово, во попладневните часови на 17 јули се случил посериозен сообраќаен инцидент во...

Регион1 ден

Дојавата за бомба на аеродромот во Белград е лажна

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека дојавата за бомба во авионот на „Луфтханза“ на аеродромот „Никола Тесла“ во...

Македонија1 ден

Активистката Моника Ристеска осудена на една година затвор

Активистката за легализирање на марихуаната, Моника Ристеска, е осудена на една година затвор. Таа е осудена за неовластено производство и...

Македонија1 ден

ЗНМ: Случајот со „1ТВ“ е последен аларм за итни медиумски реформи

Последните случувања со приведувањето на Бојан Јовановски, менаџер во кабелската телевизија „1ТВ“, отвора сомнеж за сериозна злоупотреба на медиумите на...

Свет1 ден

(Видео) Бројот на жртви во пожарот во студиото за анимација во Јапонија се искачи на 23

Бројот на жртви во подметнатиот пожар во познатото јапонско студио за анимација во Кјото порасна на 23, објави Би-би-си. Постои...

Македонија1 ден

Панчевски: Утрово ме избркаа како партал од канцеларија

Поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, објави на „Фејсбук“ дека утринава бил, како што наведува, избркан како партал од...

Досие