Црна хроника
Во еден ден 20 сообраќајки и 20 повредени во Скопје

Во текот на изминатите два дена на подрачјето на Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 21 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 20 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и 20 возила бидејќи биле нерегистрирани.
Санкциониран е еден возач поради поминување крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, двајца возачи поради неправилно престигнување, еден возач на мотоцикл поради неносење заштитен шлем, осум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и двајца возачи поради користење мобилен телефон при управување на возило.
Во текот на изминатите денови издадени се 36 мандатни платни налози и 25 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. Изминатиот ден се случиле 20 сообраќајни незгоди во кои три лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 17 лица поминале со телесни повреди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полуматуранти нападнати во Скопје од повеќе врсници – пријавени два случаи за помалку од 4 часа

Во Скопје на 5 јули биле пријавени два одделни случаи на физички напади врз малолетници, случени во различни делови на градот.
Во првиот случај, 48-годишната Ф.Б. пријавила дека околу 18 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 15-годишен син бил нападнат од тројца малолетници, од кои еден употребил тврд предмет.
Во вториот случај, 44-годишниот В.Д. пријавил дека околу 14:20 часот во Градскиот трговски центар во Центар, неговиот 14-годишен син бил нападнат од неколку малолетници.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Уапсен жител на Батинци откако нападнал полицаец во Центар по сообраќајна незгода

Жител на село Батинци е уапсен рано утринава во Скопје, откако физички нападнал полициски службеник кој постапувал по пријава за нарушен јавен ред и мир во Центар, по сообраќајна незгода.
Инцидентот се случил околу 01:20 часот, а приведениот е 25-годишниот А.Т.
Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тетовец ограбен кај Петровец по договорена средба со пријателка

Жител на Голема Речица вчера бил ограбен на подрачјето на Петровец од две машки лица, од кои едното било вооружено.
Според информациите од полицијата, грабежот се случил откако претходно договорил средба со пријателка од Куманово, па бил пресретнат од лицата кои биле во автомобил.
Му биле одземени пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.