Црна хроника
Во камион кај Велес пронајдени 30 мигранти, возачот приведен
На наплатната станица „Отовица” во Велес полициски службеници од СВР Велес забележале камион, при што возачот го напуштил местото на настанот.
Подоцна, на 500 метри од наплатната станица, полициските службеници го привеле С.С.(38) од Скопје, а по преглед во возилото биле пронајдени 30 мигранти од Авганистан, Сирија и Сомалија.
За настанот е известен јавен обвинител, мигрантите се сместени во Прифатниот центар Винојуг. С.С. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ноќеска, пак, околу 2>00 часот на обиколница Табановце, полициски службеници од Полициска станица Сопот забележале автомобил „опел корса“ како остава тројца мигранти и го напушта местото.
Возилото било сопрено во с.Воиновиќ, Kумановско, при што било констатирано дека возилото го управувал Д.С.(41) од Велес.
Мигрантите се предададени во Транзитен центар Табановце. Д.С. бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од Полициска станица Куманово за понатамошна постапка.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец повикан на службен разговор по пријава дека ја нападнал партнерката
Полициски службеници од Кисела Вода утрово извршиле службен разговор со М.Х. (22) од Скопје. Разговорот следел по пријава поднесена од неговата 22-годишна партнерка.
Според пријавата, на 17 ноември 2025 година околу 18:30 часот, во домот каде што престојувала на подрачјето на Бит Пазар, таа била физички нападната од пријавениот.
Полицијата информира дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Осуденик нападнат во Идризово oд тројца затвореници
Осуденик во Идризово бил физички нападнат од тројца други затвореници, а во нападот бил употребен и тврд предмет.
Случајот го пријавиле од затворот.
Според пријавата, инцидентот се случил вчера, а нападнат бил И.И. (61) од селото Челопек, тетовско.
Полицијата известува дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Велосипедист тешко повреден во сообраќајна несреќа на патот Струга – Враништа
Во полицијата во Струга било пријавено дека на регионалниот пат од Струга кон селото Враништа се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.А. (57) од Горно Татеши, и велосипед управуван од Р.Ш. (65) од Враништа.
Во несреќата тешки телесни повреди добил велосипедистот, а повредите му биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.

