Црна хроника
Во семејна расправија во Кичево, син го прободел својот татко кој починал од повредите
Вчера во с.Вранешница, кичевско, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода 25-годишниот А.К, поради сомнение дека тој околу 20.30 часот во семејниот дом со остар предмет му нанел повреди на неговиот татко Ј.К.(48), од кои подоцна починал.
По преземени мерки било утврдено дека на случајот му претходела расправија и физичка пресметка во која Ј.К. со ловечка пушка му се заканил на А.К.
За случајот е запознаен Јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција.
При увидот, од просториите каде престојувал Ј.К. биле подигнати ловечка пушка „бокерица“ калибар 12х70 со 2 патрони во цевка, ловечки карабин со оптички нишан калибар 7,9мм, кутија со 13 патрони 12х70 и кутија со 10 парчиња боева муниција 7,9мм.
По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, известуваат надлежните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

