Топ
Во Струмичко растурена свадба со 300 гости, МВР подготвува кривични пријави

Струмичката полиција на 28 февруари добила дојава по што службеници извршиле контрола во селото Банско, каде што била организирана свадба, на која присуствувале речиси 300 гости.
Како што информираат од МВР, прославата со која биле прекршени мерките против ширењето на коронавирусот ја организирале Д. И. (57) и А. И. (54) од Банско за нивниот син Е. И. (26).
Свадбата била прекината, а по целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени кривични пријави за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Ѓоковиќ во солзи ја прослави победата, плачеа и фановите

Новак Ѓоковиќ е шампион на Австралија Опен и повторно прв на АТП листата. Српскиот тенисер ја освои Австралија една година откако беше депортиран од таа земја како криминалец.
Тој мирно ја прифати победата, се поздрави со ривалот, а потоа отиде до својата ложа.
View this post on Instagram
Сè изгледаше нормално. Новак бурно славеше со својот тим, а потоа ги прегрна братот Марко и мајката Дијана. Започна да плаче и седна на подот.
Емоциите се префрлија од ложата на останатите на трибините, па многу фанови на најдобриот тенисер на светот беа во солзи.
— zoranceran (@zoranceran2) January 29, 2023
View this post on Instagram
Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара од власта да ги преиспита тврдењата дека странски држави се вмешани во провокациите кон Македонија

Државата сериозно да ги преиспита наводите кои и самиот Пендаровски ги кажа дека здруженија, фондации, поединци и агентурни мрежи од странски држави се вмешани во креирањето на сите овие проблеми кои што се случуваат во државата и провокации со директно негирање на Македонија и македонскиот народ.
Ова го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски додавајќи дека Владата потоа ќе треба да излезе со детален извештај со кој што ќе биде информирана македонската јавност.
Понатаму, ВМРО-ДПМНЕ бара од финаниските институции на власта да го проверат финансирањето на дел од бугарските здруженија и внесот на странски пари, а најважно потеклото на тие пати со коишто овие здруженија во државата тераат антимакедонска политика.
Трета работа која што ја бара опозициската партија е државата, поточно владата на Ковачевски и Бујар Османи како премиер и министер за надворешни работи да се заинтересираат за делувањето, целта и постоењето на бугарско здружение во Корча, соседна Албанија каде што во целата област живее мнозинско македонско население.
„Зошто досега не се побарани одговори за ова ниту од Еди Рама, нити од властите во Албанија на кои начин дозволуваат да се негира постоењето на македонското национално малцинство во Албанија кое што таму живее со векови“, праша Николовски.
Додаде дека владата досега нема ниту една посериозна реакција во однос на било кое отворено негирање на македонската нација, историја и јазик. Затоа постојат македонски институции и тие мора да се спротистават на отворената кампања против Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ порача до Македонската влада да побара доследно спроведување на пресудите добиени во судот за човекови права во Стразбур во насока на заштита и признавање на засебноста на Македонците во Бугарија, нивното право на здружување, нивното право на учество на избори, нивното право на образование на мајчин јазик како и нивното право на национално определување како Македонци. Должност е на Македонија да се грижи со сета сила и аргументи за правото на сите Македонци каде и да се наоѓаат, вели Николовски.
Македонија
Полицијата упадна во над 200 локали и казина, приведени се лица за дрога и оружје

Синоќа по полноќ до 4 часот утринава, полицицијата спроведе акциска контрола во угостителски објекти на 272 локации.
Во контролата беа опфатени и 18 казина на подрачјето на Скопје и Куманово.
При акцијата приведени се лица за дрога и оружје, а констатирани се и други прекршоци, соопшти МВР.
„За време на контролата, на територија на СВР Скопје, поточно на подрачјето на Чаир, е констатиран еден прекршок по чл.80 од Законот за оружје, при што кај Б.И.(31) од Косово е пронајден и одземен нож, а на подрачјето на Кисела Вода прекршок по Законот за странци, при што е приведен О.О.(32) од Република Турција поради непријавен престој во државата.
Притоа, од спроведената акциска контрола на подрачјето на СВР Велес од страна на полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за службени кучиња, СВР Скопје и СВР Велес, како и инспекциски служби на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи, во угостителски објект во Велес констатирано е кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, при што лицето е лишено од слобода, прекршок по чл.21 од ЗППЈРМ поради присуство на малолетници во објектот, прекршок по Законот за оружје кај лице кое врши работа од областа на приватното обезбедување, а притоа не поседува лиценца и договор за работа (член 46 став 3 од Закон за приватно обезбедување), поради што и ова лице е приведено во полициска станица.
Од страна на Управата за јавни приходи констатирано е дека објектот работи спротивно на Законот за регистрирање на готовина, а од страна на Државниот инспекторат за труд ќе бидат направени дополнителни проверки за утврдување на статусот на лица затекнати при извршување работа во објектот“, се наведува во извештајот на МВР.