Црна хроника
Во тракторска несреќа загина 37-годишен кавадарчанец
Во попладневните часови на 27 октомври било пријавено дека на локалниот пат кон селото Крњево, при вкрстувањето со локалниот пат за кавадаречкото село Барово, се случила сообраќајна незгода со трагичен епилог.
Како што информираат од МВР, трактор „ИМТ 533“, управуван од 37-годишниот Г. Н. од Кавадарци, излетал од коловозот, а трактористот починал на местото на незгодата.
Извршен бил увид од екипа од Полициската станица Кавадарци, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот му било предадено на семејството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Два лица повредени во престрелка во Арачиново
Вечерва на Клиника со повреди од огнено оружје биле примени две лица од Арачиново.
Според МВР на 01.11.2024 околу 19 часот од Ургентен центар Мајка Тереза во СВР Скопје е пријавено дека со повреди од огнено оружје биле донесени С.А. и А.А. од с.Арачиново.
Според пријавеното, во нив во село Арачиново било пукано со огнено оружје од страна на две лица кои биле со возило “Ауди”, известија надлежните.
Црна хроника
Кривична пријава против двајца скопјани за злоупотреба на службена положба и оштетување или повластување на доверители
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Т.(41) од Скопје за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” од чл.353 ст.1 и кривично дело ,,оштетување или повластување на доверители” од чл.257 ст.2 од КЗ, против правно лице од Скопје за кривично дело „оштетување или повластување на доверители” од чл.257 ст.4 во врска со ст.2 од КЗ и против К.Н.(46) од Скопје, службено лице помошник нотар за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување” од чл.353 ст.1 од КЗ.
Според полицијата првопријавениот во улога на сопственик и управител на второпријавеното правно лице, иако знаел дека побарувањето во износ од 720.793 денари што неговото правно лице го има од друго правно лице од Скопје врз основа на пресуда од Основен граѓански суд било во целост намирено, сепак на 21.02.2024 првопријавениот кај нотар солемнизирал договор со цесија со која побарувањето на неговото правно лице го префрлил на самиот себе и веднаш потоа, иако ваквото побарување веќе било исплатено, сепак преку извршител побарал присилна наплата уште еднаш од правното лице, при што на 26.02.2024 од страна на извршител била реализирана противправна двојна наплата на едно исто побарување во износ од 720.793 денари.
Црна хроника
СВР Скопје: расчистено кривично дело обид за убиство
Во врска со кривично дело „убиство” предвидено и казниво по чл. 123 во врска со чл. 19 од КЗ, случено на 05.10.2024 на ул.„ Цветан Димов” во Скопје, при што со повреда од огнено оружје се здобил А.Б.(19), од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје преземени се голем број на мерки и истражни дејствија и случајот е расчистен, велат во соопштението.
Денеска (01.11.2024) од страна на ЕНК до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава против Б.Б. (24) за сторено кривично дело „убиство” по член 123 во врска со член 19 од КЗ и Б.З.(25) за сторено кривично дело “убиство” казниво по член 123 во врска со член 19 во врска со член 22 од КЗ.