Црна хроника
Во угостителски објект во Куманово затекнати 49 лица без маски

Угостителски објект во Куманово е затворен откако полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат при контрола затекнале 49 лица, од кои шест малолетници, кои не одржувале дистанца и не носеле заштитна опрема.
На 25.2.2021 година во 17:22 час во СВР Куманово било пријавено дека во угостителски објект на ул. Гоце Делчев има група граѓани кои не ги почитуваат здравствените прописи за време на епидемија, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот против одговорното лице ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Семејството го барало неколку дена, во куќа во Кавадарци пронајден починат маж покриен со земја

Полицијата пронајде починат 42-годишен маж во Кавадарци, постојат сомненија за убиство.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид во куќа во која беше пронајдено безживотно тело на 42-годишен маж.
Телото било пронајдено покриено со земја и предмети во помошни простории, што првично упатува дека смртта е резултат на кривично дело, велат од обвинителството.
Семејството се обидувало неколку дена да го лоцира сега починатиот, кој живеел сам.
Со цел расчистување на настанот, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатиот. Од лице место подигнати се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Се издаваат наредби и насоки за откривање на сторител.
Црна хроника
Двајца полицајци повредени во сообраќајна несреќа во Куманово

Двајца полицајци се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 15:25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу „шкода јети“, сопственост на МВР, „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(48) од Куманово и „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(28) од Куманово.
Во незгодата, со телесни повреди се здобиле возачот и совозачот – двајцата полициски службеници од возилото „шкода јети“, констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Црна хроника
Тепачка во Психијатриската болница во Бардовци – едно лице усмртено со стаклено шише

Едно лице загина во тепачка што се случила во Психијатриската болница во Бардовци помеѓу двајца осуденици.
Според информациите на МВР, синоќа во полиција е пријавено дека околу 00:50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопјe“ во Бардовци, во просторијата на судското одделение, се случила физичка пресметка помеѓу осудените Д.С. (35) од Неготино и И.Т. (62) од село Љубанци, Скопско.
Во исто време, од удар со стаклено шише И.С. паднал во бесвест, откако бил префрлен во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал во 02:20 часот.
Лекарот констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на сторителот е предадено на обдукција. Д.С. е задржан во просторијата каде што се случил инцидентот.
Имено, Д.С. е осудено лице за кривично дело „убиство“, додека И.Т. е осудено за кривично дело „семејно насилство“.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен извештај.