Црна хроника
Во Ѓорче Петров 205 казни во сообраќајот
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на општина Ѓорче Петров изречени се вкупно 205 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 34 лица, 27 технички неисправни и нерегистрирани возила, неносење заштитна маска 13…
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
