Црна хроника
Вработен во „Пошта“ во Гостивар отворил туѓа пратка и ги трошел парите
Против 54-годишник од селото Долна Бањица, Гостиварско, поднесена е кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувањето и издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка.
„Во декември 2019 пријавениот како службено лице во ‘Пошта на Република Северна Македонија’ – подружница Гостивар, при растурање на пристигната пошта забележал затворен плик во кој имало картичка од српска банка со залепено ливче со пин-код, го отворил и од банкомат во Гостивар во неколку наврати подигнал вкупно 15.000 денари на штета на Р. С. (70) од с. Добридол, Гостиварско“, информираат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Охриѓанец го претепал татко си
Синоќа во 21:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека Д.Б. од Охрид во семејниот дом физички го нападнал неговиот татко.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Уапсени двајца тетовчани: истепале полицајци, а кај едниот е пронајдена марихуана
Денеска во 00:30 часот на улица „Христијан Тодоровски Kарпош“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода М.Л.(33) и Х.Ш.(24), двајцата од Тетово, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија и зато ашто при преглед кај нив, кај М.Л. е пронајдена марихуана.
Потоа, во куќата и помошни простории на М.Л., со негова дозвола, извршен е претрес, при што се пронајдени 18 марихуана.
Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави по член 215 и член 383 од Кривичниот законик.
Црна хроника
Веселба со истрели во Житоше: 26-годишник славел пукајќи во воздух
Полицијата ги приведе В.Е.(26) и Б.Е.(57), двајцата од селото Житоше, затоа што на семејна веселба пред куќата каде што живее во с.Житоше, В.Е. во воздух испукал неколку истрели од огнено оружје.
На лице место пронајдени се чаури, а од лицата одземени се гасен пиштол, сопственост на В.Е. и ловна пушка и дозвола за поседување на име на Б.Е..
По документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

