Контакт

Топ

Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода

Објавено пред

Поранешен вработен во скопска фирма од Кисела Вода вчера му го запалил џипот, а потоа со бензин го полеал и газдата.

Џипот бил паркиран на паркингот на фирмата, па вработените веднаш притрчале и го изгаснале опожарениот автомобил, чија предна лева страна била во пламен. Газдата останал полеан со бензин, а поранешниот вработен не посегнал да го запали и него откако другите вработени се симнале на паркингот да го гаснат пожарот.

Случајот во полиција го пријавил газдата. Во пријавата навел дека поранешниот вработен бил револтиран оти не му биле исплатени неколку плати.

„На 3.9.2019 во 13.43 часот во СВР Скопје, И.И. (51) од Скопје, сопственик на фирма на булеварот Србија, пријавил дека поранешен вработен во фирмата, Љ.С. (56) од Скопје, со бензин го полеал неговото патничко возило ‘бмв икс 6’, кое било паркирано на паркингот на фирмата и го запалил. Причина за тоа, според пријавеното, се неколку неисплатени плати кон Љ.С.. Огнот го изгаснале вработените, а Љ.С. бил приведен во полициска станица за расчистување на случајот“, извести МВР.

Поранешниот вработен, кога го запалил џипот и го полеал со бензин и газдата, воопшто не се обидел да побегне, туку мирно чекал да дојде полиција.

 

*Насловната фотографија е илустрација и не е од местото на настанот

Македонија

Едно од девет возрасни лица во Северна Македонија имаат дијабетес

Објавено пред

Во Северна Македонија едно од девет возрасни лица имаат дијабетес или околу 175 илјади луѓе, објави Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија „Баланс мк“.

Од таму наведуваат дека бројот на лица со дијабетес во светот продолжува да расте. Споредено со 2017 година кога се публикувани последните резултати од осмото издание на Дијабетес атласот, бројот на лица со дијабетес од 425 милиони е пораснат на 463 милиони, односно, зголемен е за 38 милиони, според најновото деветто издание на Меѓународната Федерација за Дијабетес (International Diabetes Federation – IDF).

Ова зголемување на бројот на лица со дијабетес е еднакво на бројот на жители во една голема европска држава како Полска или повеќе од двојно повеќе од бројот на жители во земјите од Западен Балкан (Македонија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора). Се проценува дека до 2045 година оваа бројка ќе надмине 700 милиони или секој деветти човек во светот ќе има дијабетес.

Меѓународната Федерација за дијабетес (IDF) годинава го издава деветтото издание на Дијабетес атласот, кој преставува авторитативен извор на податоци за глобалната тежина на дијабетесот.

Според податоците од овој атлас, проценките за 2019 година се следниве: едно од 11 возрасни лица (20-79 години) има дијабетес (463милиони), односно 38 милиони луѓе повеќе споредено со 2017 година, 3.600 повеќе деца и адолесценти заболени од дијабетес споредено со 2017 година, односно 1.110.100 деца и адолесценти на возраст под 20 години имаат дијабетес тип 1..

Едно од две лица со дијабетес се недијагностицирани, 22 милиони луѓе повеќе се на ризик да развијат дијабетес, споредено со 2017, речиси две третини (63%) oд лицата со дијабетес се во активно работно доба (под 60 години), едно од пет лица со дијабетес се на возраст над 65 години, 33 милијарди долари повеќе се трошат на дијабетес споредено со 2017 година,  10% oд светските здравствени трошоци се трошат на дијабетес (760 милијарди долари) и едно од шест раѓања (20 милиони) е засегнато од зголемен крвен шеќер, од кои 84% се должат на гестациски дијабетес (дијабетес во бременост).

Од „Баланс мк“ наведуваат дека зголемената преваленца на дијабетес тип 2 е резултат на забрзаното темпо на урбанизација, стареењето на популацијата, седечки начин на живот, зголемена телесна тежина, недоволна физичка активност и поголем внес на нездрава храна.

Во светски рамки половина од луѓето со дијабетес се недијагностицирани, односно не знаат дека имаат дијабетес. Стапката на дијагностицирани случаи може да се подобри со зголемена свесност за симптомите за дијабетес тип 1 (жед, зголемено мокрење, замор, ненадејно губење на телесна тежина, глад) и зголемени можности за скрининг на лица со висок ризик за дијабетес тип 2 (напредна возраст, зголемена телесна тежина, компликации, ниско ниво на физичка активност и нездрава исхрана).

Во нашата земја е подготвена Национална Стратегија за справување со дијабетесот, која „Баланс мк“ очекува да се имплементира многу скоро.

Асоцијацијата објави и петиција за јавна поддршка на барањето за набавка на сензори за безболно мерење на гликемија на 500 деца и адолесценти, како и исполнување на ветувањето за нивна набавка од Министерството за здравство, Владата и ФЗОМ час поскоро.

Прикажи повеќе...

Регион

Полициско куче откри рекордна количина хероин во Словенија, вредна речиси 90 милиони евра

Објавено пред

Словенечката полиција и цариниците заплениле 730 килограми хероин во пристаништето Копер, што е најголема количина хероин запленета во историјата на Словенија, објави словенечката телевизија „24 ур“.

Пратката, чија вредност на црниот пазар се проценува на 87 милиони евра, била адресирана до компанија во Будимпешта, а ја открило полициско куче, соопшти полицијата.

Дрогата била скриена во контејнер со 437 ролни полиетиленска фолија. Полицијата откри 1.421 пакувања хероин, со тежина од 730 килограми, најголема количина од оваа опасна дрога запленета во Словенија во последните 30 години.

Словенечките власти веднаш ги известиле своите унгарски колеги и тогаш било откриено дека криминална група од Унгарија го организирала транспортот на контејнер со дрога од Иран, наменета за унгарска компанија.
Анализата на дрогата откри дека станува збор за хероин со висока чистота, мешавина со 70 проценти чист хероин.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Трамп: Се обидуваат да ме спречат

Објавено пред

Ова е најголема измама во историјата на американската историја, порача американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со почетокот на јавните сослушувања во истрагата за негово отповикување.

На снимка која ја објави Белата куќа, Трамп зборува дека демократите сакаат на Американците да им ги одземат оружјето, здравството, слободата и правото на глас.

„Се обидуваат да ме спречат бидејќи се борам за вас. Никогаш тоа нема да им го дозволам“ ,додаде Трамп и порача дека не ги следи сослушувањата.

„Премногу сум зафатен за да го гледам тоа. Тоа е лов на вештерки, тоа е измама. Нема ништо во тоа“, рекол Трамп.

Денеска во Претставничкиот дом на американскиот конгрес почна јавно сведочење во истрагата за отповикување на Трамп. Сведочат највисокиот дипломатски претставник на САД во Украина, Вилијам Тејлор, и советникот на државниот секретар, Џорџ Кент.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија39 минути

Едно од девет возрасни лица во Северна Македонија имаат дијабетес

Во Северна Македонија едно од девет возрасни лица имаат дијабетес или околу 175 илјади луѓе, објави Асоцијацијата за детски дијабетес на...

Регион11 час

Полициско куче откри рекордна количина хероин во Словенија, вредна речиси 90 милиони евра

Словенечката полиција и цариниците заплениле 730 килограми хероин во пристаништето Копер, што е најголема количина хероин запленета во историјата на...

Свет12 часа

(Видео) Трамп: Се обидуваат да ме спречат

Ова е најголема измама во историјата на американската историја, порача американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со почетокот на јавните...

Македонија12 часа

(Видео) Пендаровски: Реформите се потребни за да ја вратиме довербата на граѓаните

Функционалната правна држава е основен услов за опстанок на поредокот и неговиот одржлив развој. Реформите во сферата на владеењето на...

Регион13 часа

Страшна сообраќајна несреќа во Словачка, најмалку 12 загинати и 20 повредени

Најмалку 12 лица, од кои четири деца, загинаа денеска во судир на автобус и камион во западниот дел на Словачка....

Македонија14 часа

(Видео) Заев-Мас: Да се изнајде начин што побрзо до позитивна одлука за Северна Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на СР Германија, Хајко Мас изразија жалење за одлуката на...

Македонија17 часа

„Никофон“ платил 1.800 место 5.000 денари за квадрат за гаражата кај „Аутомакедонија“, Центар бара раскинување на договорот

Заедно со граѓаните до крај ќе се бориме кај „Аутомакедонија“ да не се изгради катна гаража, туку парцелата да им...

Македонија19 часа

(Видео) Зеќир Рамчиловиќ изгласан за потпретседател на Собранието

Со 62 гласа „за“, 16 „против“ и без воздржани, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е изгласан за потпретседател на Собранието. За оваа...

Македонија21 час

Во Швајцарија уапсени членови на „Пинк Пантер“, меѓу кои и еден Македонец, ограбиле златарница

Швајцарската полиција уапси двајца црногорски државјани, двајца германски државјани, едно лице од Босна и Херцеговина и едно од Северна Македонија...

Македонија21 час

Груевски нема да одговара за „Траeкторија“ поради застареност на делото

Експремиерот во бегство, Никола Груевски, нема да одговара за кривичното дело во предметот „Траекторија“, кое се однесува на изградбата на...

Македонија22 часа

Закажано првото рочиште за „Рекет“

Првото рочиште за предметот „Рекет“, во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, и...

Македонија23 часа

Заев: „Југохром“ ќе биде затворен додека не се стават филтрите

„Југохром,“ додека не се стават филтрите, нема да функционира, истакна премиерот Зоран Заев пред вчерашната владина седница во Тетово зборувајќи...

Европа23 часа

(Видео) Венеција под вода, регистриран вториот најголем бран во историјата

Венеција е погодена од вториот најголем бран на плима во историјата, кој ја поплави историската базилика и многу од градските...

Македонија24 часа

Игор Јанушев ќе биде шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница едногласно одлучи генералниот секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб...

Македонија24 часа

Заев: Побогатите граѓани да ги сменат системите за греење за да помогнат против загадувањето

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред почетокот на вчерашната владина седница во Тетово даде одговор на новинарски прашања...

Македонија24 часа

Пендаровски во Париз предаде копија од книгата на Глигоров „Македонија е се што имаме“

Претседателот Стево Пендаровски за време на посетата во Париз, во библиотеката на Парискиот мировен форум дал копија од книгата „Македонија е...

Свет1 ден

Хилари Клинтон : Под голем притисок сум да го предизвикам Трамп на изборите

Поранешниот државен секретар на САД и кандидат на последните претседателски избори во САД, Хилари Клинтон, вели дека е „под голем...

Свет1 ден

Жанин Анес и официјално стана наследник на Моралес во Боливија

Уставниот суд го призна решението опозициската сенаторка Жанин Анес да ја преземе функцијата привремен претседател на Боливија. Таа синоќа во...

Македонија1 ден

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас во Скопје

Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас во текот на денешната работна посета на Северна Македонија е планирано да...

Спорт1 ден

Лука Модириќ е „Golden Foot“

Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрвтаска Лука Модриќ во Монте Карло доби уште едно големо признание во кариерата, наградата „Golden...

Досие