Црна хроника
Гостиварец дал пари на две лица за операција, а тие му ветиле награда

Шеесетгодишен гостиварец пријавил дека бил измамен од две непознати лица, од кои едното лице му побарало пари за операција на неговата сопруга и му ветил награда од 500 евра кога ќе ги подигне парите.
Оштетниот му дал 13 000 денари и 50 евра, а како гаранција дека ќе се вратат му бил даден часовник. Двајцата заминале и не се вратиле, а откако сфатил дека го измамиле, пријавил во полиција.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Загина градежен работник од Скопје

Вчера на место викано „Рашанец“ на регионалниот пат Охрид – Ресен, каде што извршувал градежни работи, бил пронајден починат А.И.(47) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
Известен бил Јавен обвинител и трудова инспекција, а увид извршила увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.
Топ
Дете од Прилеп загина при пад од дрво

Малолетно момче од селото Црнилиште, Прилепско загина вчера по пад од дрво.
Момчето од здобиените повреди починало на лице место.
Според информациите од МВР, при несреќата уште едно лице се здобило со повреди.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт кај малолетникот, а полицијата извршила увид.
Црна хроника
Млад охриѓанец со оружје и’ се заканувал на поранешната девојка

Дваесет и тригодишен охриѓанец со огнено оружје и’ се заканувал на својата поранешна девојка.
Од полицијата информираа дека момчето е приведено.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.