Црна хроника
Гостиварец измамен за сума од 760 евра: преку социјалните мрежи собирал пари за лекување во странство
Вчера во 14.40 часот во ОВР Гостивар, 31-годишен гостиварец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 760 евра.
Според пријавеното, околу 09.00 часот лицето се јавило преку социјална мрежа и се претставило како Р.М. од Република Србија, кој работел во хуманитарна организација. Како што е пријавено, лицето го видело апелот за помош за негово лекување во странство и сакало да помогне со донација на поголем износ, но било потребно прво тој да уплати 760 евра бидејќи таква била процедурата.
Исто така, според пријавеното, откако ги пратил парите преку брз трансфер на пари, лицето го блокирало, по што сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Кичево, пронајдена марихуана, приведен дилер
Вчера во 23.40 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кичево го лишиле од слобода 64-годишниот С.З. од Кичево, извести МВР.
„При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања и неколку тегли со марихуана, дигитална вага и други предмети со остатоци од марихуана.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.
Црна хроника
Полицијата уапси неколку лица по масовната тепачка пред ноќен клуб во Штип
Вчера во 05.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги привеле И.М.(27), И.Т.(20) и Н.Т.(22), сите од Кочани, затоа што околу 03.40 часот пред угостителски објект во Штип заедно со С.М.(34) од Штип го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка со А.С., М.П. и Д.Р., при што биле употребени тврди и остри предмети.
С.М. бил повикан на службен разговор во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Пукано кон возило во населбата „11 Октомври“
Вчера во 21.13 часот во СВР Скопје, Б.Ј. од Скопје пријавил дека едно лице од огнено оружје пукало во неговото патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, паркирано пред неговата куќа на подрачјето на населбата „11 Октомври“ во Скопје.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кисела Вода и биле пронајдени четири чаури.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.