Црна хроника
Гостиварец пазарел со фалсификувани банкноти од 50 евра
Жител на гостиварското село Чегране пазарел со фалсификувани банкноти од 50 евра во аптека и маркети.
Според информациите на МВР, полицијата вчера го привела А. С. (54) поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело фалсификување пари.
Toj во три наврати во аптека и во два маркета пуштил во оптек фалсификувани банкноти од 50 евра.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот по што против А. С. ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен криумчар, пронајдени осум мигранти од Сирија
Денеска во 01.15 часот во близина на с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода Д.Б.(25) од Република Турција. При преглед во возилото „шкода фабиа“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени осум лица мигранти од Сирија.
Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите и возилото биле пренесени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен криминалец баран со потерница
На 25.11.2024 во 12.00 часот во с.Неготино, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате го привеле Н.Ќ.(34) од гостиварско Ѓурѓевиште, кој бил баран по потерница за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
Црна хроника
Претрес во Кочани, пронајдена дрога, уапсени четири лица
Вчера вечер во 20.40 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода 43-годишниот С.А., 22-годишниот С.М. и 26-годишниот У.К., тројцата од Кочани и 37-годишниот И.С. од Пробиштип, извести МВР.
При претрес во домот на С.А. во Кочани, во кој биле затекнати и С.М., У.К. и И.С., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, дигитална вага и пари во различни апоени.
С.М., У.К. и И.С. биле затекнати при користење хероин и притоа, исто така со судска наредба, бил извршен претрес на У.К. и била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја.
Одземената дрога била дадена на вештачење, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.