Црна хроника
Гостиварец пронајден мртов на работното место
Во СВР Тетово, во утринските часови на 15 мај било пријавено дека на работно место во фирма во Гостивар бил пронајден починат гостиварецот Ј.Г. (58).
Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен шверцер на мигранти
Полициски службеници од полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Стар Дојран денеска околу 01:00 часот го лишиле од слобода А. С. (36) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 – б од Кривичниот законик, откако претходно, по преземени мерки и добиени оперативни сознанија, на крстосница Богданци полициски службеници извршиле контрола во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.С., при што бил пронајден ранец и траги од превоз на други лица.
Набргу, по преземени мерки, помеѓу селата Стојаково и Богородица биле пронајдени осум лица мигранти од Непал, кои изјавиле дека биле превезувани во возилото и дека заборавиле ранец.
Од МВР информираат дека лицето било задржано во полициска станица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Изгореа три автомобили во Скопје
Денеска во 02.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје било опожарено патничко возило „опел мерива“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Н. од Скопје.
Од пожарот биле зафатени и две други возила, „опел “ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Р. од Скопје и возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Скопје.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за против пожарна Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
Црна хроника
Жена тепана и вознемирувана од поранешниот партнер
Вчера во 12.34 часот во СВР Скопје, 29-годишна жена од Скопје пријавила дека од јули 2024 до пријавувањето, нејзиното поранешно момче Б.Д. често ја следело, вознемирувало, ѝ се јавувало телефонски и ѝ упатувало закани и во неколку наврати наврати физички ја нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.