Црна хроника
Гостиварец му се заканувал на полициски инспектор кој вршел контрола во угостителски објект
Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и поднесе обвинителен предлог против 47-годишен Гостиварец, кој се товари за кривично дело загрозување на сигурноста казниво според Кривичниот законик.
Имено, на 2 октомври, додека се вршела акциска контрола во угостителски објект во близина на автопатот Гостивар – Тетово, обвинетиот повеќепати му се заканил на службено лице – инспектор во ОВР Гостивар, кое вршело службени дејства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Патник од Турција ограбен во скопско такси кога ги извадил парите и прашал „колку кошта услугата“
Државјанин на Турција бил ограбен во такси возило.
Според информацијата од полицијата, 27-годишниот А.Ј.Е. од Турција вчера пријавил дека заедно со сопругата се качиле во возилото пред трговски центар на подрачјето на Гази Баба. Крајната дестинација им била Бит Пазар.
Кога пристигнале, патникот извадил 2000 денари и 50 евра и го прашал такси возачот колку треба да плати за услугата, а тој му ги одзел парите и ги избркал од возилото.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Објект никнал без одобрение во Охрид, реагираше полицијата
Поднесена е кривична пријава против Г.Л.(66) од охридското село Лескоец, поради бесправно градење.
„Тој, без да добие соодветно правосилно градежно одобрение за градење, издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште од општина Охрид, на катастарска парцела лоцирана во месноста „Дебело поле“ во близина на Охрид, бесправно изградил објект“, соопшти СВР Охрид.
Црна хроника
Оружје најдено на нива во струшко
Вчера во струшката полиција било пријавено дека во нива покрај локалниот пат меѓу струшките села Ливада и Корошишта бил пронајден пиштол марка „застава“, калибар 6.35 милиметри, како и пет куршуми.
Увид на местото извршиле полициски екипи, по што пронајдените предмети се подигнати за натамошна постапка.
По целосно расчистување на настанот, ќе следи соодветен поднесок.

