Црна хроника
Го погодил заталкан куршум додека играл фудбал под балон во Чаир
29-годишниот А.Д. од Скопје бил повреден од заталкан куршум додека играл фудбал на подрачјето на Чаир, куршумот притоа го пробил балонот.
„Вчера во 22.51 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека во Поликлиниката Чаир со повреда бил донесен А.Д.(29) од Скопје. Според пријавеното, тој бил повреден од заталкано зрно од огнено оружје во фудбалски терен – балон на подрачјето на Чаир. Полициски службеници излегле на местото на настанот и го подигнале зрното за понатамошна постапка, а на покривот од балонот било забележено оштетување од зрното. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Извршен увид на местото на тешката сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Битола, ќе биде извршена обдукција на телата на починатите
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола во која утрово три лица го загубија животот, а едно е повредено.
Според првичните сознанија, до несреќата дошло при судар на патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки и товорно возило „волво“ со скопски ознаки. Причините за несреќата се утврдуваат.
Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатите, сите патници во автомобилот, како и за испитување на примероци од крв и урина од возачот на камионот. Наредено е и сообраќајно-техничко вештачење за утврдување на причините.
Топ
Условна за скопјанец, од омраза нападнал припадник на ЛГБТ-заедницата, го удирал со клоци и тупаници по главата и телото
По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на признание на вина против 30-годишен скопјанец за кривично дело – Насилство во квалификаторен облик сторено од омраза, казниво според член 386 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
Сега осудениот Ф.Г. ја призна вината онака како што беше наведено во поднесеното обвинение, односно се изјасни дека делото го сторил од омраза кон оштетениот заради неговата сексуална ориентација и припадност кон ЛГБТ заедницата. Грубото насилство го извршил на 31.08.2022 година, на плоштадот „Скендер-бег“ во Скопје за време на јавен собир на граѓани за солидарност и поддршка во врска со насилство врз 11-годишно девојче од Косово. Додека чекале собирот да почне, Ф.Г. му се приближил на оштетениот, почнал да го навредува, а потоа и физички го нападнал, удирајќи го со клоци и тупаници по главата и телото и нанесувајќи му телесни повреди. Со насилството предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв и кај други лица присутни на местото.
Основниот кривичен суд Скопје го огласи Ф.Г. за виновен и му изрече условна осуда – казна затвор во траење од една година, која нема да се изврши доколку не стори ново кривично дело три години по правосилноста на пресудата. Исто така, определена му е и алтернативна мерка – заштитен надзор во период од две години по правосилноста на пресудата за која е определено да ја врши надлежната пробациска канцеларија на подрачјето на Основниот кривичен суд Скопје и за надзорот да го известува судот. Доколку осудениот во наведениот период не ја исполнува обврската за користење на слободното време според оцена на надлежниот орган согласно закон, судот ќе ја отповика условната осуда.
Топ
ЦУК: Пожарот во зградата во Чаир е комплетно изгасен, состојбата допрва треба да се утврдува
Во 06.00 часот, денеска е добиена информација од БППЗ на Град Скопје дека пожарот се уште бил активен и на терен биле три противпожарни возила од БППЗ на Град Скопје, а околу 09.30 часот бил доизгаснат, извести ЦУК.
Во моментот пожарот е комплетно изгасен, но состојбата со опожарениот дел на зградата и состојбата на становите во зградата допрва ќе се утврдува, додаваат од ЦУК.
Пожарот кој почна во подриумски простории кои се користеле како магацин гореше од вчера во 01.50 часот. Од обејктот беа евакуирани речиси 100 станари. 30 возрасни, 12 деца, едена пожарникар и полицаец беа однесени на скопските клиники поради труење со чад.