Црна хроника
Дваесетгодишен работник повреден во фабрика во Куманово
Дваесетгодишно момче со тешка повреда било пренесено во кумановската болница. Според информациите на полицијата, тоа се повредило на работа во фабрика лоцирана на автопатот Скопје-Куманово.
Од Општата болница Куманово пријавиле дека вчера на одделението за хирургија за укажување лекарска помош бил донесен повреден Н.С.(20) од Куманово. Според информациите на МВР, тој добил тешка повреда на раката на работното место во фабриката „Квалитет пром“ лоцирана на автопатот Скопје-Куманово. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Претрес Валандовско, пронајдена марихуана, приведено едно лице

Вчера во село Дедели, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишиле од слобода 43-годишниот Џ.О. од село Дедели.
При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, билa пронајденa марихуана.
Лицето било задржано во Полициската станица Валандово, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и во текот на денот ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава, по што Џ.О. ќе биде изведен пред судија од Основен суд Гевгелија.
Црна хроника
Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба на станови

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за кои постои сомнение за сторено продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик.
Пријавениот сопственик на правното лице, со цел да прибави противправна имотна корист за себе и за својата фирма, лажно прикажувал факти дека врши посредување при продажба на станови и возила во сопственост на Агенцијата за управување со одземен имот – Скопје.
Осомничениот 35-годишник од Скопје на две оштетени лица во Куманово им се претставил како вработен во Агенцијата за управување со одземен имот и со нив склучил фиктивни договори за наводна продажба на станови во Скопје и Охрид. Измамените граѓани му уплаќале пари, еден дел во готово, а еден дел на сметка на правното лице, со што осомничениот прибавил вкупна противправна имотна корист од 115.754 евра.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово ќе достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, соопштија надлежните.
Црна хроника
Украдени бронзени бисти од градските гробишта „Бутел“

Вчера во СВР Скопје, Б.И.(67) и С.Ж.(76), двајцата од Скопје, пријавиле дека од гробни места од Градските гробишта Бутел биле одземени две бронзени бисти.
Според полицијата, се преземаат мерки за расчистување на случајот.