Црна хроника
Двајца велосипедисти тешко повредени по судир на кеј на Вардар

Синоќа на велосипедската патека на кејот на реката Вардар во Скопје се случила незгода помеѓу два велосипеда, едниот управуван С.А.Д.(52), а другиот од Н.К.(35), и двајцата од Скопје.
По незгодата, велосипедистите биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде на С.А.Д. ѝ биле констатирани тешки телесни, а на Н.К. телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанка удрила во четири паркирани возила, со тешки повреди е пренесена во болница

Триесет и петгодишна скопјанка со автомобилот синоќа удрила во четири паркирани возила на улицата Ѓурчин Кокале во Скопје.
Во незгодата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Од МВР информираат дека полициски службеници извршиле увид на местото на несреќата.
Црна хроника
Уапсен и во затвор вратен 22-годишен штипјанец

Рано утрово околу 5 часот, полицајци од Штип, постапувајќи по судска наредба, го уапсиле 22-годишниот штипјанец И. Д.
Како што информираат од МВР, тој веднаш бил спроведен во затворот во Струмица за доиздржување на затворската казна.
Црна хроника
Казнет пратеник, зборувал на телефон додека вози

Полициски службеници од СВР Скопје, денеска (18.1.2021), му врачија платен налог на пратеникот М. К., кој го прекршил Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со тоа што зборувал на мобилен телефон додека го управувал своето возило на патот Куманово – Скопје.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира