Топ
Двајца Косовци осомничени дека пукале во полицаецот во Ѓорче Петров

Двајца Косовци се уапсени под сомнение дека го предизвикале вчерашниот инцидент во скопската населба Ѓорче Петров кога околу 16.30 часoт беше пукано кон полициски службеник.
Според деталите што МВР ги објави денеска, на кружниот тек во населбата, лице од возило „фолксваген голф“ пукало кон автомобил „мерцедес”, во кое бил полицискиот службеник З. Р..
Притоа полицаецот добил повреди во ногата и се упатил во градската општа „8 Септември” за укажување помош.
Околу 19 часот возилото „голф“ било пронајдено, а потоа, поради сомнение дека се сторители на делото, од слобода биле лишени Косовците Б. В. (40) и И. Л.(38).
По целосно документирање и расчистување на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Детали за двојното убиство во Гевгелија: Браќата не разговарале повеќе од 40 години

Oсновното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторил две кривични дела -Убиство од член 123 од Кривичниот законик.
Осомничениот 69-годишник, на 24 септември, со умисла ги лишил од живот сопствениот брат и неговата сопруга, со кои живееле во иста семејна куќа со различни влезови.
Кога ги забележал оштетените како се паркираат со нивното возило пред дворот на куќата, осомничениот излегол во дворот, држејќи ја во рацете приватната тужба поднесена против него од починатите за кривично дело – Оштетување туѓи предмети.
Двајцата браќа имале нарушени меѓусебни односи и не разговарале повеќе од 40 години, но починатите тужбата ја поднеле неодамна, бидејќи осомничениот, ставајќи олуци на куќата, скршил плочки и ја оштетил оградата од нивната тераса.
Кога им забележал за поднесената тужба, тие не сакале да разговараат со него, па осомничениот влегол дома и го зел пиштолот марка „Црвена застава“, со калибар 7,62 милиметри кој го поседувал со дозвола. Потоа испукал повеќе куршуми кон братот и снаата, кои од здобиените повреди тие починале на самото место.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Топ
46-годишна жена до смрт избодена во Кочани

46-годишна жена од Кочани утрово била избодена по претходна расправија со свој сограѓанин.
Полицијата за „Макфакс“ потврдува дека, денеска, во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода У. Р. (59) од Кочани.
Тој се сомничи дека околу 6.15 часот, по претходна расправија пред домот во кој престојувала таа, со остар предмет ѝ нанел убодни рани на Т. М. (46) од Кочани.
Жената, како што соопшти полицијата, починала на местото на настанот.
Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош Кочани, а увид извршиле екипа на ОВР Кочани и јавен обвинител по чија наредба телото на почината било дадено на обдукција.
Според надлежните, по целосно документирање на случајот, против У. Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Не сообраќаат возови на релација Скопје – Битола, во пожар изгореа 1.000 прага од пругата

Поради штета од пожарите во Битолско-прилепскиот Регион, не сообраќаат возови на пругата Скопје – Битола – Скопје.
Од „Железници“ соопштија дека уништени се околу 1.000 прага и во моментот интензивно се работи на санација на дефектот.
Засега нема информации кога би можело да се очекува пругата повторно да биде ставена во функција, односно да се оспособи за безбедно одвивање на железничкиот сообраќај.