Црна хроника
Двајца мажи насилно се обиделе да влезат во „16“ на ЈСП

Автобус на ЈСП со број 16, кој се движел во правец кон Зелен пазар, во еден момент бил попречен од патничко моторно возило „порше“ со гостиварски регистарски ознаки. Од возилото излегле две машки лица, од кои едното со пиштол, и се обиделе насилно да влезат во автобусот.
По пријавување на настанот, полициски екипи се упатиле на терен, при што го забележале возилото од кое возачот го фрлил пиштолот.
По кратко време, приведено е едно лице, С.З. (38), од село Морани, кое при приведувањето физички ги нападнало полициските службеници, а пронајден е и пиштолот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на другото лице.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Пукано кон маж на улица во Ѓорче Петров, МВР со детали за настанот

Доцна по полноќ, на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, две лица пукале кон А.В.(31) и му нанеле прострелна рана.
Од пукањето, како што соопшти МВР, било оштетено и едно паркирано возило „цитроен“.
„А.В. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување помош, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Наставничка натепала ученик во Берово

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Г.(60) од с.Смојмирово, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно дете“.
„На 07.06.2023 пријавената, наставник во основно училиште во Берово, во просториите на училиштето во работно време, вербално и физички нападнала малолетник“, велат од МВР.
Црна хроника
Лица од Таџикистан и Пакистан се тепале во Тетово

Полицијата ги привеле М.Ф.(23) и А.Ш.(19) од Таџикистан и И.Т.(20) од Пакистан, кои биле пријавени дека околу 10.00 часот, во кругот на Универзитетот на Југоисточна Европа, меѓусебно физички се пресметувале.
Во пресметката, според пријавеното, учествувал и Х.Т.(21) од Пакистан, кој се здобил со повреди и бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.
По целосно документирање на случајот против инволвираните, кои се студенти на овој Универзитет, ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од МВР.