Црна хроника
Двајца мотоциклисти тешко повредени вчера во сообраќајни незгоди во Куманово
Кумановската полиција изврши увид во две сообраќајни несреќи во текот на вчерашниот ден, во кои учествувале мотоциклисти.
Првата се случила во 10.05 часот, на крстосницата од регионалниот пат Куманово – Свети Николе со булeварот „Трета Македонска Ударна Бригада“.
Учествувале автомобил „тојота“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од И.Д.(50) од селото Проевце, кумановско и мотоцикл марка „Томос“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.Т.(56) од село Буковљане, општина Старо Нагоричане.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Куманово.
На локалниот пат од браната „Липково“ кон центарот на селото Липково, во 18 часот се случила уште една сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Шкода“ со косовски национални ознаки, управувано од Б.Б.(47) од Косово и мотоцикл „Хонда“ без регистарски ознаки, управуван од Ш.Б.(32) од село Матејче, општина Липково.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко
На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност.
Во 20:00 часот, според полицијата, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина жена од Злетово: ја прегазил „мерцедес“
Вчера во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

