Црна хроника
Двајца скопјани под истрага за трговија со дрога
Скопското јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
На 30 ноември, во домот во кој престојувал, првиот осомничен, 34-годишен скопјанец, неовластено држел седум најлонски пакувања со наркотична дрога марихуана, со вкупна нето- маса од 54,82 грама. При претресот кај него била пронајдена и една дигитална вага. Во истиот дом, на булеварот Босна и Херцеговина, при претресот бил затекнат и вториот осомничен, 45-годишен скопјанец, кој кај себе имал една најлонска кеса со 68,42 грама марихуана и уште една дигитална вага со траги од канабис.
Надлежниот јавен обвинител за двајцата осомничени до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка куќен притвор, поради опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоците или да ги уништат трагите, како и да го повторат делото. Судијата го прифати предлогот и на осомничените им определи мерка куќен притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
24-годишен скопјанец истепа полицаец на крстосница: со повреди полицискиот службеник е пренесен во болница
Вчера во 15:10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 24-годишниот А.С. од Скопје затоа што на крстосницата на булевар „Никола Карев“ со улицата „Македонско – косовска бригада“ во Скопје физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, регулирање на сообраќајот за време на протест.
Полицискиот службеник е пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му се констатирани телесни повреди.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен 27-годишен штипјанец: при претрес пронајдена марихуана
Вчера во 11:50 часот во Штип, полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода 27-годишниот М.Џ. од Штип.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се повеќе пакувања со марихуана.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсени возачи во Кичево и ресенско: управувале возила под дејство на алкохол и со брзина двојно поголема од дозволената
Вчера во 09:00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода П.М.(42) од с.Лазаровци, кичевско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „алфа“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,44 промили алкохол во крвта.
Вчера во 18:55 часот во с.Јанковец, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен сопреле патничко возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.П.(36) од Охрид, затоа што при контрола во патниот сообраќај е констатирано дека го управувал возилото со брзина од 105 километри на час на место каде е дозволено 50 километри на час.
По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

