Црна хроника
Две лица барани од полицијата уапсени при обид да ја напуштат земјата
Во текот на вчерашниот ден на граничниот премин „Табановце“ и на Скопскиот аеродром биле уапсени две лица барани од страна на полицијата. Едното лице се наоѓало на „стоп-листа“ за издржување казна затвор, а другото се наоѓало на листата со мерка „Апси“.
Како што информираат од МВР, во првиот случај, рано наутро, на граничниот премин „Табановце“, при пасошка контрола било утврдено дека 23-годишниот З.Ј. oд село Слупчане, општина Липково, се наоѓа на „стоп-листа“ за издржување казна затвор. Тој бил приведен и набрзо предаден на полицијата од Куманово за понатамошна постапка.
Во вториот случај, на Скопскиот аеродром околу пладне, при пасошка контрола, било констатирано дека 39-годишниот С.Џ. од село Арачиново се наоѓа на листата со мерка „Апси“. Лицето било приведено и предадено на полициски службеници за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Човечки труп извлечен од Вардар во Долно Лисиче

Вчера во полицијата било пријавено дека по течението на реката Вардар во Долно Лисиче, пловел човечки труп, кој малку подоцна бил извлечен од водата од страна на противпожарната единица Скопје.
Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и известен е Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција.
Црна хроника
Скопјанка натепана од поранешниот партнер среде бел ден во парк

40-годишна скопјанка пријавила дека вчера околу 14.00 часот во парк на подрачјето на Центар, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер В.М..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Грк почина во казино во Гевгелија

Синоќа во полицијата е пријавено дека во казино од хотел на подрачјето на Гевгелија, Г.З.(67) од Грција се струполил на подот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, соопшти МВР.
Увид извршиле увидна екипа на Полициска станица Гевгелија и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.