Контакт

Црна хроника

Две тепачки со ножеви во Скопје

Објавено пред

Ноќеска околу пет часот во ресторан лоциран на бензиска пумпа на скопскиот булевар „Србија“, поради претходна расправија дошло до конфликтна ситуација, меѓу три лица од Скопје, од една страна и 18-годишниот М.Б. и 17-годишна девојка, од друга страна, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Притоа, М.Б. се јавил на двајца негови познаници, Е.Д. од Кондово и Р.И од Сарај, кои биле во близина и веднаш пристигнале во објектот. Кога сите лица го напуштиле објектот, 18-годишникот, заедно со неговите пријатели нападнале две од трите лица со кои претходно се расправале, при што Р.И. со нож им нанел повреди.

Од МВР велат дека повредените лица биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде им биле констатирани телесни повреди и се задржани на понатамошно лекување.

Инаку, по нападот, напаѓачите со автомобил го напуштиле местото на настанот и направиле сообраќајка со друго возило. Во полициската станица во Аеродром биле приведени Р.И. и Е.Д, а полицијата работи на  расчистување на случајот.

Во текот на вчерашниот ден во полициската станица во Центар бил пријавен уште еден сличен инцидент.  Триесет и шестгодишен жител на село Сарај, пријавил дека додека се движел заедно со неговиот брат покрај Градскиот стадион, во еден момент му се приближил човек кој бил заедно со две други лица, кој физички го нападнал 36-годишникот, додека пак неговиот брат возвратил на ударите. Во еден момент, едно од лицата извадило пиштол кој го насочил кон пријавителот, кој пак од страв за неговата сигурност извадил нож. Потоа, од страна на еден на напаѓачите било фрлено стаклено шише кое го удрило пријавителот во пределот на градите, по што тој и неговиот брат го напуштиле местото на настанот.

По преземени мерки на полицијата, сите лица инволвирани во настанот се повикани и со нив е разговарано, а за настанот е запознаен и Јавен обвинител. Се преземаат активности за целосно расчистување на случајот, велат од МВР.

Македонија

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Објавено пред

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот.

За време на пожарот нема повредени лица, но предизвикана е голема материјална штета пришто целосно изгореле дел од едрилиците.

Пожарникарите интервенирале со две противпожарни возила и 13 пожарникари.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Скопјанец заврши во болница со тешки повреди, со велосипедот удрил во бетонски столб

Објавено пред

Скопјанец се здобил со тешки телесни повреди откако со велосипед удрил во бетонски столб и паднал.

Од МВР информираат дека се работи за 63-годишно лице од селото Марино.

Тој по несреќата бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.

 

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Maлолетник избегал од дома по семејна расправија

Објавено пред

Синоќа во Полициската станица Аеродром, 36 годишна мајка од Скопје пријавила дека по семејна расправија, од домот се оддалечил нејзиниот малолетен син.

Претходно, тој неколку пати се оддалечувал од домот поради семејни расправии и бил враќан од полицијата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информираат од МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Македонија5 часа

Спасовски: МВР без налог од судот не може да знае каде е Јанева

МВР без налог од судот или обвинителството не може да знае каде е Катица Јанева. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Регион7 часа

Мицотакис ја претстави владината програма, на соседите им порача дека соработката ќе го одреди нивниот пат кон ЕУ

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис денеска во грчкиот Парламент ја претстави владината програма, во рамки на  тридневната расправа за добивање доверба на...

Македонија9 часа

Запленет глисерот на Зоран Кичеец

Запленетиот глисер во Охрид, е во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, потврдуваат од...

Македонија10 часа

„Анима мунди“: Познат е сторителот кој свирепо уби куче во Стојаково, бараме најстрога казна

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен...

Македонија13 часа

(Видео) Жителите на Аеродром против центар за зависници, бараат тие да се лечат на периферијата

Жители на скопската населба Аеродром излегоа на протест, по иницијативата за преместување на зависниците од центарот во Кисела Вода, во...

Свет13 часа

(Видео) Иран објави снимка од заземањето на британскиот танкер

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимки за кои тврдат дека ги покажуваат моментите кога нејзините припадници го заробиле британскиот танкер „Стена...

Свет14 часа

Шест лица починаа поради жешкото време во САД

Најмалку шест лица го загубиле животот поради рекордно високите температури во САД, објави „Гласот на Америка“. Според властите, жртвите се...

Македонија15 часа

Речиси 300 возачи санкционирани во Скопје поради брзо возење и алкохол

Сообраќајната полиција во Скопје, почнувајќи од синоќа, спровела акциски контроли за откривање на возачи кои возат под дејство на алкохол,...

Свет16 часа

(Видео) Нобеловка му зборуваше на Трамп за мртвите родители, а тој ја праша „Каде се тие сега?“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи поради неговите прашања за време на разговорот со добитничката на...

Свет1 ден

Половина век од првото слетување на Месечината

Во Америка со низа манифестации денеска се одбележува 50-годишнината од слетувањето на Месечината на американските астронаути, Нил Армстронг и Баз...

Свет1 ден

Путин: Го симпатизирав Трамп на изборите во 2016, што има тука лошо?

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека го „симпатизирал“ Доналд Трамп како кандидат на претседателските избори во 2016 година, бидејќи Трамп...

Македонија1 ден

Заев го промени телефонскиот број, дел од неговите соработници ќе бидат отпуштени

Премиерот Зоран Заев и неговиот Кабинет воведуваат мерки за зголемување на безбедноста и ефикасноста во спроведувањето на агендата и комуникациите....

Македонија1 ден

За ВМРО е прифатливо припојувањето на СЈО и ЈО, но не се согласуваат со предлогот за Русковска

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски изјави дека спојувањето на СЈО во ЈО во едно обвинителство, на некој начин е практично прифатливо...

Македонија2 дена

Охрид нема да ги враќа ингеренциите, туку проблемот со дивоградбите ќе гo решава заедно со Владата

Општина Охрид соопшти дека досега нема испратено официјално барање до Владата во врска со изземање или отстапување на ингеренции во...

Македонија2 дена

Возило со 34 лица од Авганистан се превртело кај Демир Капија

Товарно возило во кое имало 34 лица од Авганистан, се превртело вчера на патниот правец Демир Капија – Неготино, кај место викано...

Македонија2 дена

Подметната бомба во кафуле во Прилеп за време на „Пивофест“

Во кафе барот „Кафе Ин“ синоќа околу 23.30 часот била подметната бомба. Од Јавното обвинителство соопштија дека во присуство на...

Регион2 дена

Мета: Горд сум на Харадинај и убеден во неговата невиност

Aлбанскиот претседател Илир Мета, по неотповикливата оставка на косовскиот премиер Рамуш Харадинај нагласи дека не постоeел притисок кој може да го скрши,...

Македонија2 дена

Објавен новиот предлог-закон: СЈО и ОЈО за организиран криминал ќе се спојат во ново јавно обвинителство

Министерството за правда подготви нов Предлог-закон за Јавно обвинителство во кој се здружуваат постојните капацитети на СЈО и Основното јавно...

Македонија2 дена

Мицкоски на состанок со Беса: „Ја договоривме заедничката борба против актуелната власт“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар Игор Јанушев оствари средба со претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами,...

Досие