Црна хроника
Деветмина мигранти пронајдени во товарен воз во Гевгелија

На Железничка станица Гевгелија, во товарен воз, кој синоќа околу 20 часот пристигнал од Табановце, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица пронашле девет лица-илегални мигранти (еден од Куба и осум од Индија).
Лицата биле предадени во Транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
МВР: Четворица полицајци повредени на вчерашните протести пред Владата, запалено знамето на ЕУ

На вчерашните протести пред Владата биле повредени четворица полицајци, а било запалено и знамето на ЕУ, соопшти полицијата.
Имено, вчера во СВР Скопје било пријавено дека во врска со ненајавениот јавен собир, кој се одржал во период од 19:00 часот до 22:10 часот во Скопје биле констатирани неколку нарушувања на јавниот ред и мир.
Така, околу 16:50 часот, пред Владата на РСМ, неколку лица го запалиле знамето на Европската Унија. Околу 19:35 часот дел од учесниците на протестот го нарушиле јавниот ред и мир со фрлање разни предмети и пиротехнички средства кон објектот на Владата, а дел од нив ја оштетиле и уништиле заштитната ограда.
Околу 20:30 часот дел од учесниците на протестот се упатиле кон зградата на Собранието на РСМ каде фрлале со тврди предмети кон зградата на Собранието и кон полицискиот кордон, при што биле повредени четири полициски службеници кои биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
На 5.7.2022 во 1:33 часот, било пријавено дека околу 00:20 часот е забележано оштетување на еден прозорец од објектот на Владата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Црна хроника
Изгоре возило натоварено со слама

Товарно возило натоварено со бали слама изгорело вчера помеѓу селата Средно и Долно Коњари.
„На 3 јули, во 14.42 часот, во СВР Скопје, Р. С. (33) од с. Света Петка, Скопско, пријавил дека помеѓу селата Средно и Долно Коњари, додека управувал товарно возило натоварено со бали слама, избувнал пожар, при што изгореле сламата и возилото“, информираат од МВР.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид.
Црна хроника
Скопјанка нападната поради сообраќајно недоразбирање

Скопјанка пријавила дека била нападната од страна на сосед поради недоразбирање во сообраќајот.
„На 3 јули, во 17.42 часот, во Полициската станица Аеродром, В. В. (48) од Скопје пријавила дека во 17 часот на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од нејзиниот сосед З. В. (46) од Скопје“, велат од МВР.
Се работи на расчистување на случајот.