Црна хроника
Дете заврши со тешки повреди во болница по сообраќајна несреќа со мотор
Малолетник од Зелениково управувајќи мопед се удри со товарно возило.
Според информациите од полицијата, сообраќајната несреќа се случила вчера на локалниот пат Скопје – Пакошево.
„Мопед ‘баотиан’, со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Зелениково се судри со товарно возило ‘пежо партнер’, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ѓ.(65) од с.Зелениково. Во незгодата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’“, соопшти МВР.
Извршен бил увид на местото на незгодата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Починато машко лице пронајдено на автобуска постојка во Центар
Ноќеска во 00:05 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош Скопје е пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на Центар е пронајдено починато машко лице без документација, наверојатно бездомник.
Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Црна хроника
Му пукнала петарда во рака: тешко повреден 12-годишник во скопски Аеродром
Ноќеска во 23:26 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 12-годишник од Скопје.
Според пријавеното, околу 23:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродором во Скопје, на малолетникот му пукнала петарда во рака, која ја тргнал со рака да не му падне на глава, а била фрлена од негов соученик.
Црна хроника
Пијан скопјанец паднал од трговски центар: со тешки повреди е пренесен во болница
Синоќа во 20:14 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен И.Д.(30) од Скопје.
Според пријавеното, тој под дејство на алкохол паднал од висина од трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

