Црна хроника
Дилери на марихуана уапсени во тетовското село Доброште
Тетовски полицајци кои во вечерните часови на 4 февруари биле на терен во селото Доброште забележале паркиран автомобил „фиат“ со тетовски ознаки во кој се наоѓале 28-годишник и 19-годишник од селото Жилче.
Како што информираат од МВР, до возилото најпрвин се доближило непознато лице, а потоа веднаш се дало во бегство и бегајќи фрлило кесички со марихуана, кои се пронајдени и подигнати за вештачење.
Двете лица во „фиатот“ се уапсени и задржани во полициската станица во Тетово, а во рамки на акцијата уапсен бил и еден 54-годишник од Доброште, кој ги попречувал полицајците во вршење на дејствијата.
По расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

