Црна хроника
Жител на Врапчиште осомничен за лажен исказ пред суд

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице на возраст од 44 години за кривично дело – Давање лажен исказ од член 367 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот, на 19.10.2021 година, дал лажен исказ пред судот, јавувајќи се во својство на сведок-оштетен на главна расправа во постапка по поднесено обвинение за кривични дела Лихварство и Изнуда. Притоа тој ги негирал наводите од записникот за поднесена пријава, врз основа на која било поднесено обвинението против лицето осомничено за овие две кривични дела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Малолетник со „јамаха“ удрил во „бе-ем-ве“ на излез од паркинг во Скопје

На 15.8.2022 во 19:30 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од ул. Народен фронт, ул. Шарски одреди и излез од паркинг простор се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бе-ем ве“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(19) од Скопје и мотор „јамаха“, без регистарски таблички, управуван од малолетник од с. Пласница.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Кај осуденик во штипскиот затвор пронајдени 22 пакувања марихуана

МВР информира дека на 15.8.2022 во 22:15 часот во СВР Штип е пријавено дека во Казнено-поправниот дом Затвор Штип, во просторија од полуотвореното одделение, кај осуденикот К.Е.(33) се пронајдени 22 пакувања марихуана, едно ќесе со остатоци од прашеста материја и таблета.
Увид на местото извршила екипа од СВР Штип, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Претрес во Пехчево, пронајдени дрога и пиротехника

Полициски службеници го приведоа З.М.(59) од Пехчево, затоа што врз основа на судска наредба, при претрес во неговиот дом и помошни простории во Пехчево, биле пронајдени и одземени засадени растенија cannabis sativa, ќеса со марихуана и 174 парчиња пиротехнички средства.
По комплетирање на случајот против З.М. ќе следи соодветна кривична пријава за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по чл.215 и кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи по чл.396 од Кривичниот законик.