Црна хроника
Запленета дрога во вредност од речиси 350.000 евра, пресечен меѓународен канал за шверц
38-годишен државјанин од Албанија бил уапсен од страна на полицијата, со што, како што велат од таму, бил пресечен меѓународен канал за шверц на марихуана од Албанија во нашата земја.
Според МВР, синоќа, во 20 часот, на локален пат во селото Оровник, општина Дебрца, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, од слобода е лишен М. П. (38), државјанин на Р. Албанија, со што е пресечен меѓународен канал за шверц на марихуана од Р. Албанија во нашата држава.
Како што соопшти Сузана Прањиќ-Талевска, портпарол во Министерството за внатрешни работи, при извршен преглед во патничко возило „ситроен берлинго“, со албански национални ознаки, кое М. П. го управувал, во задниот дел од возилото биле пронајдени и одземени пет торби со 100 пакувања марихуана, во вкупна количина од 100-ина килограми, со вредност од речиси 350.000 евра.
Оваа заплена, како што појаснија од полиција, е резултат на повеќемесечно следење на активностите на неколку албански државјани на територијата на државата, кои биле инволвирани во недозволена трговија со наркотици.
М. П. е приведен и задржан во Полициската станица Охрид за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава до ОЈО Охрид според член 215 од Кривичниот законик за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

