Црна хроника
Запленети илјада пиротехнички средства на граничниот премин Делчево
Полицијата заплени близу илјада пиротехнички средства на Граничен премин Делчево.
Според информациите на МВР, денеска на Граничен премин Делчево, при влез во земјава, полициски службеници извршиле преглед на багаж на П.П. од Битола, кој пеш ја поминувал границата, при што биле пронајдени 886 парчиња различни видови пиротехнички средства.
Пронајдените предмети биле одземени и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Две лица паднаа од зграда во Кисела Вода: жената починала на местото на несреќата, 9-годишно дете пренесено во болница
Вчера во 19.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на територија на Кисела Вода, две лица паднале од зграда.
Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека жената Д.С. на возраст од 69-години од Скопје од здобиените повреди починала на местото на настанот, додека деветгодишен малолетник од Скопје се здобил со повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Претрес во Кочани, пронајдена дрога
Вчера во 12.10 часот полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Н.Д.(22) од Кочани.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Еден осомничен за поседување амфетамин во Инџиково
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка и предложи мерка притвор за лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
При претрес на осомничениот во селото Инџиково, додека со велосипед се свижел кон домот и се обидел да им избега на полицијата, биле пронајдени речиси 50 грама амфетамин и помало количество марихуана.
Притворската мерка е предложена поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.