Црна хроника
Запленети 36 килограми марихуана, приведени две лица од Куманово
Полицијата приведе две лица од Куманово осомничени за шверц на дрога. Тие набавиле марихуана од Косово со намера да ја продаваат во Турција.
Според информациите на МВР, кривична пријава е поднесена против А. И. (59) и З. М. (52), двајцата од Куманово, за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
А. И. и З. М. од Косово набавиле марихуана заради понатамошен транспорт до Турција. На 4 ноември тие отпатувале во Косово за да ја преземат марихуаната по што се вратиле во Македонија, а камионот во кој била марихуаната, по насоки на А. И., бил паркиран на договорена локација во Скопје.
На 9 ноември З. М., по инструкции на А. И., тргнал за Турција, при што на автопатот Скопје – Велес изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
Од страна на полициски службеници извршен е преглед на камионот во кој биле пронајдени 36 килограми марихуана.
На двајцата осомничени определен им е притвор од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

