Црна хроника
Запленет кокаин при претрес во Кисела Вода

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје продолжувајќи со оперативните активности за откривање и сузбивање на недозволена трговија со дрога вчеравечер (05.08.) околу 22:30 часот, а по претходно добиена Судска наредба за претрес, извршија претрес во дом во скопската населба Кисела Вода во кој што престојува лицето П.Ф. (20) од Скопје.
При претресот се откриени и запленети најлонски кеси со бела прашкаста материја, односно кокаин со различна грамажа, една дигитална вага со остатоци од прашкастата материја, парични средства (во денари и евра) а затекнато е и лицето Ф.К. (22) од Скопје кај кого е пронајдена кесичка со бела прашкаста материја, односно кокаин.
Севкупната количина на дрога откриена при овој претрес изнесува околу 22 грами или според вредоста на нарко-пазарот околу 2.200 евра, така што заедно со претресот што ЕНТ при СВР Скопје го изврши вчераутро, за што МВР веќе ја информираше јавноста, вчера беа откриени и заплененти околу 122 грами кокаин.
Инаку, по консултации и наредба на надлежен ЈО од ОЈО скопје двете лица се лишени од слобода и приведени во ПСОН Кисела Вода за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тројца насилници со боксови нападнале полицајци во Скопје

Тројца насилници со боксови нападнале полицајци во Скопје кои извршувале службени работи по дојава дека има вооружени лица со автоматски пушки.
Според информациите од Обвинителството, тројцата напаѓачи, заедно со уште едно дете против кое ќе се води соодветна постапка согласно Законот за правда за децата, на 5 август во вечерните часови, на улицата “Босна и Херцеговина” нападнале тројца полициски службеници.
Полицајците постапувале по дојава дека на наведената локација има вооружени лица со автоматски пушки. Се обиделе да ги легитимираат осомничените, но тие одбиле и физички ги нападнале полицајците, удирајќи ги со боксови. Полициските службеници успеале да ги совладаат и ги привеле.
Јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности, предложи на осомничените да им бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.
Црна хроника
Тешко повреден велосипедист во Струшко

Вчера во 10:40 часот, на регионалниот пат Р2243 во селото Биџево, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“ со германски национални ознаки, управуван од И.М.(38) од с.Мислодежда, струшко и велосипед управуван од Р.Т.(79) од с.Биџево, струшко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга.
Црна хроника
Неовластено навлегла во електронскиот систем на банката и со туѓа картичка од банкомат подигнала пари

СВР Штип поднесе кривична пријава против Г.Т.(41) од Македонска Каменица.
Таа се сомничи за сторено продолжено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Во периодот од 09.06.2025 до 30.06.2025, пријавената во шест наврати неовластено навлегла во електронски систем на банка и со картичка на лице од село во општина Зрновци, од банкомат во истото село подигнала вкупно 52.000 денари, кои противправно ги присвоила.