Црна хроника
Заталкан куршум завршил во полиците на аптека на булеварот Партизански одреди
Синоќа, околу 15 минути по полноќ, вработени во аптека на скопскиот булевар Партизански одреди пријавиле дека забележале оти низ излогот влегол куршум од огнено оружје, кој оштетил производи на една од полиците.
Во инцидентот повредени лица нема.
Полицијата излегла на местото на настанот, при што пронајдени и подигнати биле два патрона и еден проектил.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Автомобили се судрија на патот Куманово-Скопје, едно лице тешко повредено, возачот бил без дозвола
На 3 февруари 2026 година, околу 10:55 часот, на регионалниот пат Куманово–Скопје, во селото Љубодраг, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила со кумановски регистарски таблички.
Според информациите од СВР Куманово, се судриле „ауди“, управувано од М.А. (47) од селото Љубодраг, и „шкода“, со која управувал Б.С. (51) од Куманово. Во несреќата тешко телесно бил повреден возачот на „шкодата“, додека полесни повреди добиле неговите сопатници Т.Р. (49) од Куманово и М.Ј. (49) од селото Черкези, како и возачот на „аудито“ и неговата сопатничка О.Ц. (45) од Куманово.
При увидот на местото на несреќата било утврдено дека едниот од возачите, немал возачка дозвола. Од полицијата најавија дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Кражба на телефони прерасна во тепачка, тројца уапсени во Тетово
Два поврзани инциденти во текот на истата вечер резултираа со три приведени лица на улицата „Илинденска“ во Тетово.
На 3 февруари, околу 18:50 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.Т. (57) од Република Албанија, поради сомнение дека сторил кривично дело „кражба“. Тој е осомничен дека одзел мобилни телефони од продажен објект.
Само неколку часа подоцна, во 23:00 часот, полицијата привела и две лица од Тетово – И.Г. (40) и Д.М. (26) – кои биле пријавени токму од И.Т. Според пријавата, во периодот меѓу 18:00 и 19:00 часот, по претходна расправија околу мобилни телефони, тие физички го нападнале на истата улица.
Сите инволвирани се приведени, а од СВР Тетово информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
Црна хроника
16-годишна тинејџерка и 17-годишник меѓу уапсените во полициска акција за дрога
Во полициска акција на 3 и 4 февруари, полицајци од СВР Скопје на различни локации во главниот град привеле осум лица, осомничени за поседување на недозволени супстанции.
Приведени се А.Л. (24), А.А. (32), А.А. (38), Д.И. (18), А.М. (35), 17-годишно момче, 16-годишна малолетничка — сите од Скопје, како и А.К. (45) од селото Морани, општина Студеничани.
При претрес, полицијата кај нив пронашла и одзела прашкаста материја и марихуана. Според најавите од МВР, по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

