Црна хроника
Затвореник се обидел да сoкрие 20 пакувања со хероин во затворот во Штип
Затвореник од Кочани бил затекнат во затворот во Штип, обидувајќи се да прикрие 20 пакувања со хероин.
Случајот синоќа го пријавил вработен во Казнено-поправната установа.
Извршен е увид од полициски службеници од СВР Штип, за настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Нападнат полициски службеник во Гостивар поради казна за погрешно паркирање, за напаѓачот предложен притвор
Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против 44-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста предвидено во член 383 од Кривичниот законик.
На 18 октомври осомничениот, најпрво вербално со навреди и пцовки, а потоа и физички нападнал полициски службеник, барајќи објаснување зошто на неговиот син му бил издаден прекршочен платен налог за погрешно паркирање. По интервенција и на други полициски службеници, осомничениот бил совладан и приведен. Случајни минувачи го снимиле целиот настан, а снимката била објавена и на социјални мрежи.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Црна хроника
43-годишна жена починала во болницата „8-ми Септември“ додека била на преглед
Четириесет и тригодишна жена од скопско почина во болницата „8-ми Септември“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
– На 18.10.2024 година, во 14.30 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје било пријавено дека кај нив во Ургентниот центар, додека била во просторија за преглед, починала М.С.(43) од село Љуботен, скопско, соопштија од МВР.
Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.
Црна хроника
Откриени два случаи на криумчарење мигранти
Во текот на вчерашниот ден (18.10.) во два одвоени случаи полициски службеници при Отсек за прекуграничен криминал, странци и реадмисија Куманово при Регионален центар за гранични работи Север (ОПКМСР Куманово) и полициски службеници од ОВР Делчево открија случаи на криумчарење мигранти при што три лица биле лишени од слобода поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Имено во првиот случај вчера во 10,40 часот во Делчево пред правен субјект на булевар „Македонија“ полициски службеници од ПО за БПС Делчево лишени од слобода се лицата Л.П.(22) и К.Ѓ.(23), двајцата од Делечево кои со две патнички моторни возила превезувале шест мигранти (тројца од Мароко и тројца од Тунис). За настанот бил известен надлежен ЈО од ОЈО за ГОКК Скопје.
Во вториот случај во 12,30 часот на бензинска пумпа во Куманово во товарно моторно возило марка „Даф“ со приколка со национална ознака на Р. Србија, управувано од Н.Ф.(43) од Р.Србија од страна на полициски службеници од ОПКМСР-Куманово биле откриени четири лица мигранти – две од Индија и по едно од Сиера Леоне и од Сирија, по што за настанот бил запознат ЈО од ОЈО за ГОКК-Скопје, и согласно насоките на надлежното обвинителство се работи на расчистување и на овој случај.