Топ
Кривична пријава за гостиварец кој тепал и силувал жена во неговиот дом
Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен акт против 49-годишник од Гостивар, поради сторено кривично дело силување.
Обвинетиот на 19 декември, околу 21 часот, со употреба на сила и закана ја присилил на обљуба оштетената. Тој ја однел во неговата куќа во Гостивар, каде што физички ја нападнал со тупаници и клоци и ја принудил на сексуален однос, иако таа цело време давала отпор и се противела. Во еден момент оштетената успеала да го оттурне од себе и да избега, а дејствијата на осомничениот ги пријавила во полиција.
Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК за одзивот до 15 часот: за претседателски избори гласале 33.73 отсто а за парламентарни 37.44 отсто од гласачите
До 15 часот како што информра ДИК биле пристигнати податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2271 избирачки места.
Од вкупно запишани 1.172.912 гласачи на овие избирачки места, гласале 395.576 односно 33.73 %. Најголема излезеност во моментов, за Претседателските избори има во Новаци, со 52.32 %. Најмалата излезеност за претседателските избори е во Липково, со 3.60 %.
„Споредбено со вториот куг од Претседателските избори во 2019 година имаме зголемување на излезеноста од 3.39% на овие избори. Додека споредбено со првиот круг од Претседателските избори 2024 имаме намалување од 0.84%.
До 15 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Парламентарните избори од 2136 избирачки места. Од вкупно запишани 1.113.441 гласачи на овие избирачки места, гласале 416.915 односно 37.44%.
Најголема излезеност во моментов, за парламентарните избори има во Крива Паланка, со 58.18 %. Најмалата излезеност за парламентарните избори е во Центар Жупа, со 13.74 %“, информира комисијата.
Споредбено со Парламентарните избори во 2020 година, на овие избори има зголемување на излезеноста од 5.66 % .
Излезеноста по изборни единици за парламентарните избори е следна: Изборна единица 1- 42.31 %; Изборна единица 2-36.69 %; Изборна единица 3- 41.02 %; Изборна единица 4-36.88 %; Изборна единица 5- 35.95 % ; Изборна Единица 6-29.14 % .
До овој момент до ДИК биле доставени вкупно 405 приговори за заштита на личното избирачко право.
„Од нив 176 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 18 приговори се отфрлени како неуредни, а 58 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка. Овој изборен ден го набљудуваат 1303 домашни набљудувачи, 860 меѓународни набљудувачи и 83 странски новинари. Активен е и бесплатниот телефонски број 0800 555 44, на кој заинтересираните граѓани можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија. Исто така активна е и видео кол линијата на број 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат во текот на изборниот ден преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик“, појаснуват од ДИК.
Македонија
Гласачите задолжително да се прашуваат дали ќе гласаат за претседателски или за парламентарни избори, Избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби, апелира ДИК
Избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби и задолжително да ги прашуваат гласачите дали ќе гласаат за претседателски или за парламентарни избори и тоа да го прават кон секој избирач, потенцираа од Државната изборна комисија.
Според комисијата на секој гласач тие треба да му ја објаснат процедурата на гласање.
Гласачот, како што прецизираа од ДИК, може да се појави на гласачкото место само еднаш и да го оствари своето право на глас.
„Не сакаме да ги исплашиме претседателите на изборните органи, но, доколку не се почитува правото на глас врз основа на Кривичниот законик, секој член на изборен орган кој го попречува гласањето или намерно го попречува гласањето на некој друг член ќе се казни со најмалку три години затвор“, рече Дитмире Шеху, потпретседателка на ДИК појаснувајќи дека од терен добиле информации дека дел од избирачките одбори не постапувале согласно нивните надлежности кои произлегуваат од Изборниот законик и подзаконските акти на Комисијата.
Потсети дека комисијата на вчерашна седница на јасен начин покажала кој е начинот на гласање и го презентирала упатството за начинот на гласање и за Парламентарни и за Претседателски избори.
„Од самото упатство, кое исто така, се наоѓа и во самите избирачки места се гледа начинот на кој гласачот треба да гласа, а исто така во тоа упатство е наведено и како гласачот и избирачкиот одбор треба да се однесува“, дополни Шеху.
Откако гласачот ќе се изјасни дали ќе гласа за едни или други избори, или пак и за Претседателските и за Парламентарните избори, тој оди на идентификација со биометрискиот уред, па го зема гласачкото ливче и се потпишува во избирачкиот список. Потоа го зема гласачкото ливче и нормално гласа сам зад параван, појасни.
„Затоа ги замолуваме сите избирачки одбори детално да ги почитуваат законот и сите наши подзаконски акти и да постапуваат врз основа на сите наши напатствија и наши подзаконски акти и согласно закконот“, рече таа.
Ова, како што рече, се однесува на неколку општини, неколку избирачки одбори, кај кои било реагирано.
Македонија
(Видео) МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти
До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми, соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, на денешната прес-конференција.
„Од отворањето на гласачките места до 11 часот регистрираме две пријави за поставен штанд на политичка партија во близина на гласачко место во Шуто Оризари, како и за залепени плакати и расфрлани летоци на подрачјето на Чаир во Скопје и се преземааат мерки за расчистување на случаите. Исто така, имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, село Баница, Струмичко, и во општина Боговиње, но по преземените мерки од страна на полициските службеници, тие наводи до сега не се потврдени“, соопшти Ангеловски.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните и до учесниците во изборите и во преостанатиот дел од гласањето да се воздржат од инциденти, а доколку има какво било нарушување на изборниот процес, граѓаните веднаш да ја известат полицијата на броевите 192 и 112 или да пријават во најблиската полициска станица.