Црна хроника
Затворен локал во Петровец што не ја почитувал забраната за работа по 18 часот

Скопската полиција, вчера, за време на првиот ден од забраната за работење на угостителските објекти по 18 часот, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, извршила контроли во 257 угостителски објекти.
Како што информираат од МВР, при контролите констатирано било непочитување на работното време во локал на подрачјето на Петровец.
Со ова, сопственикот на локалот М.З., од село Петровец сторил кривично дело по член 206 од Кривичниот законик.
Од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот е затворен, а М.З. бил приведен во полициската станица Гази Баба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Лишени од слобода лихвар и неговата сопруга од Неготино

Црна хроника
Фатен малолетен крадец во Дебар, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот

Црна хроника
18-годишник пријавен дека сексуално ја злоставувал ќерката

Четириесет и шестгодишен маж од скопско пријавил дека во мај годинава, 18-годишен скопјанец извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
– На 09.10.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од скопско, пријави дека во мај 2025 година, 18-годишник од Скопје извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, стои во денешниот полициски билтен.