Црна хроника
За разбојништво приведен 22-годишник од Арачиново

Скопската полиција по претходни сознанија за сторени повеќе кривични дела на подрачјето на Центар, денеска го усапсила 22-годишниот С.Ф. од скопското село Арачиново.
Како што информираат од МВР, тој заедно со уште едно лице, во периодот од март до август годинава извршил четири кривични дела: две разбојништва, едно разбојништво во обид и една тешка кражба на дрзок начин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден работник додека демонтирал скеле во Драчево

Педесет и двегодишен работник од Скопје бил со тешки повреди донесен вчера на Комплексот клиники.
Тој се здобил со повреди при демонтирање на скеле на улицата Партизански пат во Драчево, Скопје.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Ужас наместо одмор: скопјанка нападната од партнерот во Грција

Триесет и четиригодишна жена од Скопје во МВР пријавила дека била нападната од страна на партнерот Д. Т. (36).
Нападот, според пријавеното, се случил вчера во апартман во Република Грција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Велешанец со четирицикл излета од патoт кај Чашка, тешко повреден

Четирицикл управуван од Д.Н.(40) од Велес, излетал надвор од коловозот на регионалниот пат село Извор,општина Чашка
Во несреќата велешанецот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Ј.Н.(37) од Велес констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид.