Црна хроника
За три часа казнети 78 возачи за непрописно престигнување во државата

Денеска во периодот од 7:00 до 10:00 часот Министерството за внатрешни работи спровело зајакната акциска контрола за возила кои непрописно престигнуваат на територијата на државата, при што биле санкционирани 78 возачи.
Од нив, 18 на територијата на Тетово, 16 на територија на Охрид, 14 возачи непрописно престигнувале на територијата на Скопје.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави полицијата и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Сообраќајка во скопски Аеродром

Судир помеѓу два автомобили во скопската населба Аеродром.
Искршени делови од автомобилите се уште стојат на улицата.
Полицијата врши увид на терен. Нема информации за повредени.
Топ
(Видео) Запленети четири вреќи со марихуана вредни околу 100.000 евра, дилерите при бегство оштетиле полициско возило

Полицијата спречила транспорт на речиси 35 килограми дрога, а во врска со настанот уапсени се две лица од скопско Арачиново.
Според надлежните, денеска, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога, во содејство со Одделот за специјални полициски операции – САЕ „Тигар“, Оперативен тим Потраги при СВР Скопје и СВР Тетово, лишени од слобода се две лица од с. Арачиново, Скопско, при што е спречен транспорт на речиси 35 кг дрога.
Имено, во утринските часови на наплатната станица кај Тетово, на автопатот Гостивар – Тетово, полициски службеници дале знак за запирање патничко возило „ренџ ровер“, со скопски регистарски ознаки, управувано К. А. (32), во кое сопатник бил О. А. (23), двајцата од с. Арачиново, Скопско. Лицата не ја почитувале дадената полициска наредба да го сопрат возилото, туку се дале во бегство, притоа оштетувајќи службено полициско возило, но набргу се запрени и лишени од слобода.
При извршен преглед во багажниот простор на возилото пронајдени се 4 вреќи со марихуана, со вкупна тежина од речиси 35 кг, со вредност од приближно 100.000 евра. На самото место на наплатната станица кај Тетово излезе и јавен обвинител од ОЈО Тетово, кој го раководеше увидот. Малку подоцна, по добиена судска наредба, извршени се претреси и во домовите на двете лица во с. Арачиново, при што пронајдени се предмети поврзани со кривичното дело.
МВР против А. К. подолг временски период преземаше мерки и активности за негово пронаоѓање и лишување од слобода бидејќи за него е распишана централна потерница поради бегство од штипскиот затвор, каде што има за доиздржување затворска казна од речиси 6,5 години, а се барал и по расписи за извршени повеќе кривични дела, како шверцување мигранти и шверц со дрога, соопшти Сузана Прањиќ-Талевска од МВР.
Двете лица се приведени во СВР Тетово и против нив во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по член 215 од Кривичниот законик.
Денешната акција е уште една од низата акции на МВР во последниот период преземени во борбата против недозволената трговија со дрога и наркотични средства, но и многуте мерки и активности за пресметка со сите видови криминал.
Црна хроника
Вчера избувнал пожар во помошна котларница во електраната РЕК „Осломеј“

Пожар бил регистриран во текот на вчерашниот ден во помошна котларница во РЕК „Осломеј“, информира полицијата.
Имено, вчера, во 12.25 часот, во полициското одделение во кичевското село Осломеј било пријавено дека во помошна котларница од електраната РЕК „Осломеј“ извувнал пожар.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.