Црна хроника
Изгаснат пожарот на патот Тетово-Попова Шапка, гори на две локации во Кичевско
Вчера околу 14.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на местото викано „Купеник“, покрај регионалниот пат Тетово – Попова Шапка, настанал пожар, при што горела сува трева и нискостеблеста шума. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово.
Околу 01.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека во близина на с.Цер, Кичевско, настанал пожар на локалниот пат с.Цер – с.Стаорец, каде била опожарена сува трева и борова шума. Се преземаат мерки за гаснење на пожарот.
Околу 12.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека над селото Колибари, Кичевско, настанал шумски пожар, при што гори нискостеблеста дабова шума. Се преземаат мерки за гаснење на пожарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

