Црна хроника
Изгубил контрола над возилото и се превртел на патот: тешко повреден маж

Вчера, во ОВР Гостивар било пријавено дека во 8.15 часот на патот мавровска крстосница – Дебар, во близина на с. Болетен, општина Маврово и Ростуше, Ј. М. (40) од с.Велебрдо, општина Маврово и Ростуше, управувајќи патничко моторно возило „форд“, со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото се превртел на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот Ј. М., констатирани во Општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар.
Увид на местото бил извршен од екипа на ОВР Гостивар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Расчистени шест тешки кражби во Прилеп, двајца приведени

Вчера, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп ги лишиле од слобода 35-годишниот Е.Б. и 39-годишниот О.М., двајцата од Прилеп, извести МВР.
Тие се сомничат дека извршиле тешки кражби во возила и дека одзеле различни предмети, соопшти МВР.
Во службен разговор тие ги признале делата, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците. По документирање на настаните против лицата ќе следува соодветна кривична пријава.
Црна хроника
Приведено лице од кумановско при обид за илегален влез во државата, превезувал производи без документација

Вчера вечер во 21.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода З.М.(44) од село Черкези, кумановско, извести МВР.
– Во атар на село Злокуќане, липковско, тој бил затекнат при обид илегално да оствари влез од Косово во Република Северна Македонија со возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки. Додека, при преглед во возилото била пронајдени производи без потребната документација, соопшти МВР.
Пронајденото било одземено и предадено на Царинската управа за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Излетал со возилото од пат, удрил во патоказ, па во автобус: алкохолизиран Македонец предизвика сообраќајка во Истра

Хрватската полиција вчера околу 19:20 часот добила пријава за сообраќајна незгода во која автомобил удрил во автобус.
Од спроведената кривична истрага е утврдено дека 41-годишен државјанин на Северна Македонија, под дејство на алкохол од 1,39 промили управувал автомобил со пулски регистрации на коловозот Бадерна – Пазин. Возачот не се движел среде обележаната сообраќајна лента, туку излетал надвор од коловозот и удрил во патоказ, по што се вратил на коловозот, каде удрил во автобус со риечки регистарски ознаки, управуван од 45-годишен човек.
Во моментот на несреќата во автобусот имало 25 патници и уште еден возач на автобус, но никој од учесниците не е повреден.
Против 41-годишникот се поведуваат прекршочни постапки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата на Хрватска, пренесуваат хрватските медиуми.