Црна хроника
Им исплатил 7.620 евра на измамници кои нуделе стан

Гостварец бил измамен со лажна продажба на стан.
Настанот се случил пред 3 години, а мажот тогаш им исплатил 7.620 евра.
Од МВР информираат дека измамата ја извршиле две лица Ј.А.(29) и Т.Л.(58), од Гостивар, а против нив деновиве поднесена е кривична пријава.
„Тие на пријавителот Д.Л.(35) од Гостивар му понудиле стан за продажба во Струга, кој никогаш не го поседувале во нивна сопственост, за цена од 8.000 евра, сума која ја договориле со усмен договор“, велат од полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Поднесена кривична пријава за „компјутерска измама“

Вчера Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против едно лице поради постоење на основано сомнение дека сторило кривично дело Член 251-б, ст.1, а во врска со Член 45 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, поради тоа што во текот на месец февруари со намера за стекнување на противправна имотна корист, преку претходно наменски креиран профил на социјалната мрежа „Инстаграм“ со содржини со кои прикажувајќи се лажно како лице кое поседува информации за „сигурни спортски типови со загарантирана добивка“ стапило во контакт со оштетеното лице.
При комуникацијата пријавениот ја стекнал довербата на измаменото лице на начин преку прикажување лажни факти и документи со фалсификувана содржина во кои било наведено дека ќе и биде исплатена сума преку банка во износ од 20.157,00 евра, односно дека со вложување на парични средства ќе добие значително поголема добивка. Оштетеното лице поверувало во лажното претставување на фактите и на барање на пријавеното лице извршило уплати преку финансиски сервис во три наврати, во вкупен износ од 2.156,00 евра, кои парични средства исто така во три наврати биле подигнати од страна на пријавеното лице.
Црна хроника
Притворен 53-годишен дилер од Велес, продал кокаин за 50.000 евра

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
„Осомничениот 53-годишник, на 29 ноември 2024 година, неовластено продал 994,8 грама кокаин на лице од Велес. Дрогата се договориле да му ја продаде за 50.000 евра, од кои околу половина од сумата купувачот-сведок оставил на договорена локација пред преземањето на пратката.“, соопшти Обвинителството.
Кокаинот тогаш беше откриен при истрага и претрес во куќа на улицата „Петар Алчев” во Велес, каде се утврди дека еден осомничен преработувал кокаин и тоа од чист кокаин во крек кокаин, а уште две лица во тоа му помагале. Против тие осомничени веќе е изречена првостепена осудителна пресуда, а со дополнителни дејствија се утврди идентитетот и на лицето кое првично ја продало дрогата.
По предлог на јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Велес донесе решение со кое на осомничениот му определи мерка притвор.
Топ
Битолчанка сакала да ги убие своите баба и дедо, ги избодела со нож

Полицијата приведе жена од Битола која со нож ги избодела своите баба и дедо.
„По овластување на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, екипи на МВР извршија увид на лице место во куќа на улицата „Солунска“, каде според првичните сознанија, внука при вршење семејно насилство се обидела да ги лиши од живот сопствените баба и дедо, нанесувајќи им повеќе убоди со нож“, соопшти Обвинителството.
Јавниот обвинител издаде повеќе наредби и насоки за целосно расчистување на настанот. Осомничената е лишена од слобода и се постапува за обезбедување докази.