Контакт

Црна хроника

Истрага против арачиновец кој во домот чувал полуавтоматски пиштоли и муниција

Објавено пред

Скопското основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против жител на скопско Арачиново во чиј дом биле пронајдени огнено оружје и муниција.

Како што информираат од обвинителството, во својата куќа осомничениот држел полуавтоматски пиштол „Smith&Wesson“ MOD 6906 со калибар 9мм Para, како и полуавтоматски пиштол „Walther“ P99 со две рамки и 41 куршум со калибар 9мм Para.

Тој се товари за кривично дело – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, а надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка доставил и предлог за притвор на осомничениот.

Црна хроника

Парични казни за двајца кумановци поради непочитување на полициски час

Објавено пред

Двајца кумановци се казнети со парични казни во износ од по 1.000 евра поради непочитување на полицискиот час, кој е воведен поради епидемијата на коронавирус.

Како што наведува ОЈО Куманово, обвинетите на 25 март, за време на полицискиот час, со возило се движеле низ градот и со тоа не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање на заразата со Ковид-19.

За стореното кривично дело, јавниот обвинител на Основниот суд во Куманово му предложи да изрече парична казна за обвинетите во висина од по 50 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на износ од 20 евра во денарска противвредност.​

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Уапсен стружанец кој крадел за време на полициски час

Објавено пред

Струшката полиција поднесе кривична пријава против 31-годишник од овој град под сомнение дека сторил кривични дела тешка кражба и непостапување според здраствени прописи за време на епидемија.

Како што информираат од МВР, во неделата на 29 март, за време на полицискиот час во 16.35 часот, при контрола за спроведување на мерките за ограничено движење поради коронавирусот, полицијатa го затекнала пријавениот на улицата „Боро Хаџиески Путе“ во Струга.

По дополнително преземени активности, констатирано е дека тој, претходниот ден, односно 28 март (сабота), извршил тешка кражба во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, од каде, по насилно влегување одзел повеќе видови електрични машини и апарати.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Кривична пријава против жител на Дебар поради непочитување на полицискиот час

Објавено пред

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Б. К. (28) од Дебар.

На 29.3.2020 година во 18 часот, при контрола за доследно спроведување на мерките за ограничено движење за време на полицискиот час поради заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот Ковид-19, полициските службеници го затекнале пријавениот на улицата 8 Септември во Дебар.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Речиси 50 милиони Американци би можеле да останат без работа

Милиони Американци веќе ги загубија своите работни места како резултат на кризата со коронавирусот, а најголемата штета допрва претстои, според...

Македонија2 часа

Тестирањето за Ковид-19 го закажува матичниот лекар и по протокол го следи лекувањето на пациентот

Министерството за здравство информира дека секој матичен лекар кој преку „Мој Термин“ му закажува на својот пациент тестирање на Ковид-19...

Свет3 часа

Конјунктивитисот може да биде симптом на зараза со коронавирус

Американското друштво на офталмолозите ги предупредува своите членови да водат сметка за тоа дека и конјунктивитисот, познат како црвено око,...

Свет3 часа

СЗО: Не носете маска за лице, освен ако не сте заразени

Претставници на Светската здравствена организација сè уште им препорачуваат на луѓето да не носат маски за лице, освен ако не...

Свет4 часа

Во светот бројот на заболени од коронавирус достигна речиси 800.000

Во светот утрово регистрирани се вкупно 785.807 случаи на заболени од коронавирус, починале 37.820 луѓе, а се излекувале 165.659, покажуваат...

Македонија4 часа

Претседателот свика седница на Советот за безбедност

Денеска, со почеток во 14 часот, во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи седница на Советот за безбедност...

Македонија15 часа

Затворите ќе примаат нови осуденици од септември

Владата ја усвои уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба за постапувањето на...

Македонија15 часа

ЕУ ќе издвои 38 милиони евра за медицинска опрема за земјите од Западен Балкан

Европската комисија донесе одлука да им додели 38 милиони евра на земјите од Западен Балкан за помош со заштитна опрема...

Македонија15 часа

Ученичките и студентските домови ќе бидат ставени на располагање на време на епидемијата со коронавирус

На денешната владина седница е усвоена и Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време...

Македонија17 часа

(Видео) МВР најави кривична пријава: Место да седи во изолација заразил повеќемина

МВР ќе поднесе кривична пријава против Ф.К. коj се однесувал спротивно од одлуките на Владата, ги прекршил мерките за самоизолација...

Македонија18 часа

Се затвора Заводот за рехабилитација во Козле, 8 вработени и двајца пациенти имаат коронавирус

Заводот за рехабилитација во Козле ќе се затвори, откако тестовите на 8 медицински лица покажале позитивни наоди на Ковид-19, информираше...

Македонија18 часа

(Видео) Филипче: Пациентка која починала во струшката болница е тестирана за коронавирус

Викендов во струшката општа болница за коронавирус била тестирана пациентка откако починала. Министерот за здравство, Венко Филипче, извести дека пациентката...

Свет20 часа

Нетанјаху во самоизолација, негов соработник има коронавирус

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се наоѓа во самоизолација бидејќи негов соработник, пратеник, е позитивен на коронавирусот. Нетанјаху до утре треба...

Македонија21 час

(Видео) Македонското знаме се развиори пред седиштето на НАТО

На свечена церемонија пред седиштето на НАТО во Брисел денеска беше развиорено македонското знаме кога земјата и официјално стана 30....

Македонија21 час

Уште една жртва на коронавирусот, 26 нови заразени и девет излекувани

Министерството за здравство информира дека утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на...

Македонија22 часа

Досега во организација на МНР вратени се 1.842 македонски граѓани од странство

По апелот за пријавување македонски граѓани затекнати во странство и нивно евидентирање со цел враќање во земјата, како и по...

Македонија22 часа

Здравствени работници направиле прекршоци во случајот на стружанката која почина од коронавирусот

Има прекршувања во случајот со почината стружанка од коронавирусот, која и покрај тоа што имала упат од матичниот лекар, не...

Свет22 часа

Што е паметен карантин, кој го воведува Чешка?

Во Чешка почна тестирање преку таканаречен паметен карантин, што значи следење на луѓето преку користење телефони и банкарски картички. Паметниот...

Македонија1 ден

Нухиу: Петмина полициски службеници се заразени со коронавирус

Заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на својот фејсбук-профил објави дека петмина полициски службеници се заразени со коронавирус додавајќи дека...

Економија1 ден

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Од вечерва на полноќ бензините ќе поевтинат, а дизелот ќе поскапи, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на бензинот...

Досие