Црна хроника
Исчезна малолетна штитеничка од СОС Детско Село
17-годишна штитеничка од СОС Детско Село се оддалечила вчера од домот и повеќе не се вратила.
Според информации од МВР, вчера во 17.50 часот во Полициската станица Гази Баба од СОС Детско Село било пријавено дека од домот се оддалечила нивната штитеничка Р.И.(17).
Таа и досега во повеќе наврати се оддалечувала од домот и била враќана назад.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
МВР одзеде возило управувано од 16-годишник во Струга
Вчера при контрола во патниот сообраќај, полицијата сопрела патнички автомобил „фолксваген туран“ со струшки регистарски ознаки, при што било констатирано дека го управувал 16-годишник кој сè уште немал законско стекнато право за управување моторно возило.
По консултација со јавен обвинител, полициските службеници, во присуство на член на семејството на малолетникот, извршија службен разговор и возилото го одзедоа.
По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

