Црна хроника
Казнети 30 пешаци – поминале на црвено
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, две со лесни телесни повреди и пет со материјална штета. Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а четири лица со лесни телесни повреди.
Од преземените мерки и активности констатирано е дека 59 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 23 возачи од кои: шестмина поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, 12 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување моторно возило и петмина затоа што биле возачи-почетници. Покрај ова, санкционирани се и девет возачи поради неправилно престројување, по еден возач – поради поминување на крстосница на црвено светло, неправилно престигнување и недавање првенство на минување во зона на крстосница, додека, пак, четворица возачи се санкционирани поради неносење заштитен шлем (кацига).
Исто така, исклучени од сообраќај биле 11 возила од кои две поради техничка неисправност и девет бидејќи биле нерегистрирани. Истовремено, санкционирани се и 17 пешаци затоа што поминале коловоз надвор од пешачки премин, а 13 пешаци затоа што поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 100 мандатни платни налози, додека 65 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

