Црна хроника
Казнети 30 пешаци – поминале на црвено

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, две со лесни телесни повреди и пет со материјална штета. Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а четири лица со лесни телесни повреди.
Од преземените мерки и активности констатирано е дека 59 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 23 возачи од кои: шестмина поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, 12 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување моторно возило и петмина затоа што биле возачи-почетници. Покрај ова, санкционирани се и девет возачи поради неправилно престројување, по еден возач – поради поминување на крстосница на црвено светло, неправилно престигнување и недавање првенство на минување во зона на крстосница, додека, пак, четворица возачи се санкционирани поради неносење заштитен шлем (кацига).
Исто така, исклучени од сообраќај биле 11 возила од кои две поради техничка неисправност и девет бидејќи биле нерегистрирани. Истовремено, санкционирани се и 17 пешаци затоа што поминале коловоз надвор од пешачки премин, а 13 пешаци затоа што поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 100 мандатни платни налози, додека 65 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Прилепчанка добила тешки телесни повреди откако паднала во автобус

Прилепчанка паднала во автобус и добила тешки телесни повреди.
Случајот бил пријавен вчера во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена Ч.М.(67) од Прилеп.
При извршен службен разговор со полициските службеници, таа појаснила дека со повредите се здобила на 29.09.2023, при пад во внатрешноста на автобус, додека се превезувала како патник од Транспортен центар кон блискиот трговски центар.
Од страна на полициските службеници службен разговор бил извршен и со возачот на автобусот.
Црна хроника
Прво во Дебар Маало, а потоа во Градскиот парк, полицијата уапси неколку лица: им нашле марихуана, таблетки, дробилка

Полицијата синоќа во скопски Центар уапсила неколку лица откако кај нив била најдена дрога.
Прво околу 21 часот, во Дебар Маало, полициски службеници од Полициската станица Центар ги лишиле од слобода Д.Т.(20) и малолетник двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени таблетки и бела прашкаста материја.
Потоа, во 23.00 часот во Градскиот парк во Скопје, уапсен е Х.М.(22) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.
По целосно документирање на случаите ќе следат соодветни поднесоци.
Топ
(Детално) Во пластично шише наполнила бензин и го запалила станот: мајката на убиецот во Хром сакала да ги скрие трагите од убиството

Основното јавно обвинителство Скопје постапува по кривична пријава во врска со настанот од 22 септември, кога по предизвикан пожар во стан на улицата „Исаија Маџовски“, беше пронајдено безживотно тело на 36-годишниот сопственик на станот со траги на насилство.
Доказите обезбедени до овој момент даваат основано сомнение за еден осомничен како сторител на кривично дело убиство на свиреп начин. Осомничениот го сторил делото по кратка расправија со жртвата, лишувајќи го од живот оштетениот со повеќе од 45 убодни рани во вратот и телото.
По настанот, тој се јавил повеќе пати телефонски кај неговата мајка, која зела пластично шише и отишла до најблиската бензинска пумпа, купила литар и пол гориво и во соизвршителство со синот подметнале пожар со намера да ги прикријат трагите за извршеното свирепо убиство. Со подметнатиот пожар тие предизвикале значителна опасност по животот и телото на станарите кои што живеат во зградата.
Против осомничениот кој е недостапен на органите на прогонот ќе биде поведена истрага за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1, како и за Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството за него ќе предложи притвор како мерка за обезбедување по неговото пронаоѓање и лишување од слобода.
За неговата 59-годишна мајка, како соизвршител, поведена е истрага за Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Таа е лишена од слобода и по предлог на јавен обвинител, определен и е притвор во траење од 30 дена, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да ги скорие или уништи трагите од делото или дека ќе влијае врз сведоците.