Црна хроника
Казнети 412 лица поради неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија во однос на мерката за носење лична заштита на лицето регистрирани се 412 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
25-годишник од Велес со тешки повреди пренесен во болница: управувајќи мопед паднал на коловозот

Вчера во 22:15 часот во СВР Велес е пријавено дека на улицата „Васил Ѓоргов“ во Велес, 25-годишниот К.П. од Велес управувајќи мопед со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.П., констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од СВР Велес.
Црна хроника
При градежни активности на имот во Кисела Вода била оштетена цевка од гасовод, при што имало истекување гас

Вчера во 11:37 часот во СВР Скопје било пријавено дека при ископ и вршење градежни активности на имот на правно лице на булеварот „Борис Трајковски“, на подрачје на Кисела Вода во Скопје, била оштетена цевка од гасовод, при што имало истекување на гас.
Полициски службеници од ЕВР Кисела Вода и инспектор за животна средина излегле на местото и било констатирано дека од страна на фирмата „Нома гас“ биле исклучени вентилите и појасниле дека на местото нема присуство на гас.
Увид бил извршен и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по член 291 од Кривичниот законик – „уништување или оштетување на јавни инсталации“.
Црна хроника
Жена добила тешки повреди додека работела како хигиеничарка во државна институција на подрачјето на Центар

Вчера во 14:10 часот во СВР Скопје, 56-годишната В.П. од село Јурумлери, скопско, пријавила дека околу 07:30 часот во објект на државна институција на подрачјето на Центар, додека извршувала работни задачи како хигиеничарка, се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
За настанот бил известен трудов инспектор.