Црна хроника
Казнети 463 граѓани за неносење маска
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 463 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен струмичанец: при претрес пронајдена дрога
Вчера во 17:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода 36-годишниот А.Ф. од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, е пронајдена марихуана, а при преглед кај него се пронајдени неколку пакувања со амфетамин.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По документирање на случајот против А.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, при преглед на возилото пронајдена дрога
Вчера во 07:40 часот по преземени оперативно тактички мерки од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР лишен од слобода е 29-годишниот С.J. од Скопје.
При извршен преглед на патничко возило со скопски регистарски ознаки управувано од С.Ј. на булеварот „Партизански Одреди“ пронајдени се 10 паковки со марихуана и 10 паковки со кокаин.
Лицето е лишено од слобода поради основи на сомнение за сторено Кривично дело и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Топ
Уапсен возачот кој во скопски Чаир со автомобил удри во дете и избега
Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 65-годишниот С.И. поради сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик.
Имено, вчера во 14:50 часот во СВР Скопје беше пријавено дека на крстосница на улицата „Џон Кенеди“, улицата „Максут Садик“ и улицата „Македонска бригада“ патничко возило „голф“ со скопски регистарски таблички удрило во дете пешак.
Веднаш по пријавата полициски службеници пристигнаа на местото на настанот при што е констатирано дека лицето кое управувало со возилото го оставило возилото и се оддалечило од местото на настанот. По преземени оперативно тактички мерки лицето е пронајдено во непосредна близина и истото лишено од слобода.
Повреденото дете поради сериозноста на повредите со возило на Итна медицинска помош е пренесено во Клинички центар „Мајка Тереза“ за укажување на помош каде му се констатирани тешки телесни повреди и истото е задржано на интензивна нега.
По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

