Црна хроника
Казнети 90 возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (24.1.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 90 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина три санкции, пет мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за користење мобилен телефон, три мерки за нерегистрирани возила…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Пешак се бори за живот на Ургентен во Скопје , малолетник го удрил со автомобил
Малолетник со возило удрил во автомобил и пешак, кој се бори за живот во Ургентен цнетар во Скопје, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
– Денеска во 11:30 часот пријавена е сообраќајна незгода во скопското село Долно Коњари, во која патничко возило со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник, удрило во паркирано патничко возило со скопски регистарски ознаки и пешакот И.Ф.. Од незгодата, со повреди се здобил пешакот, кој е пренесен во Ургентен центар „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е во животно – загрозувачка состојба, појаснија од МВР.
Како што додадоа, известен бил дежурен јавен обвинител за малолетници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Четворица мажи киднапирале девојка во Струга
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против четворица скопјани на возраст од 18 до 35 години, осомничени дека насилно грабнале 23-годишна девојка.
„ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.А.(25), Д.К.(35), Р.К.(18) и Р.К.(21), сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Грабнување“ и „ Соизвршителство при грабнување“. Пријавените, делото го извршиле на улицата „Маршал Тито“ во Струга, на штета на 23 годишна девојка од Скопје.
Откако 25-годишниот А.А. ја забележал девојката, тој подолго време ја следел и потоа насилноја внел во патнички автомобил во што му помогнале останатите тројца пријавени.
Црна хроника
Кавадарчанка со остар предмет го повредила сопругот
Кавадарчанка била лишена од слобода утрово по пријава дека со остар предмет му нанела повреди на сопругот.
– Денеска во 6:30 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци, лишиле од слобода 30-годишна кавадарчанка, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом, по вербална расправија, му нанела повреди со остар предмет на нејзиниот 43-годишен сопруг. Предметот бил пронајден и одземен, а при преземање мерки, кај неа биле измерени 2,61 промили алкохол во крвта, соопштија од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Како што додадоа од СВР – Велес, таа била задржана во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

