Црна хроника
Кичевската полиција заплени куршуми, марихуана и кокаин

Екипа од кичевската полиција на 24 мрат извршила преглед во домот на 58-годишен кичевец, при што биле пронајдени и одземени 43 куршуми од засега непознат калибар и 355 семки од марихуана.
Истиот ден, во одделна контрола извршена на улицата „11 Септември“ во Кичево, полициски службеници кај 24-годишник пронашле и одзеле кокаин.
Двете лица се уапсени и против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
689 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (29.1.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 689 возачи.
Од нив, 45 возила се движеле со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а девет се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 382 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 307 надвор од населено место.
Засилените сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
143 казнети возачи во Скопје, 56 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (29.1.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 143 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, три мерки за возач почетник…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
Човечки труп извлечен од Вардар во Долно Лисиче

Вчера во полицијата било пријавено дека по течението на реката Вардар во Долно Лисиче, пловел човечки труп, кој малку подоцна бил извлечен од водата од страна на противпожарната единица Скопје.
Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и известен е Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција.